Бизнисот бара да не се зголемуваат каматите

Bez autora
May 21 2015

Зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае врз работењето на компаниите. Бизнисот бара што е можно побрзо да се најде решение за политичката криза затоа што економијата веќе трпи последици, а дополнително ќе се влоши ситуацијата ако дојде до зголемување на каматите и ако компаниите ја изгубат довербата кај банките. Пред неколку дена гувернерот Димитар Богов порача дека централната банка ќе направи се' што е во нејзина моќ да ја одбрани стабилноста на цените, на девизниот курс и на банкарскиот сектор во земјава, а тоа може да доведе до повисоки каматни стапки и понизок економски раст...

Зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае врз работењето на компаниите

Бизнисот бара што е можно побрзо да се најде решение за политичката криза затоа што економијата веќе трпи последици, а дополнително ќе се влоши ситуацијата ако дојде до зголемување на каматите и ако компаниите ја изгубат довербата кај банките.

Пред неколку дена гувернерот Димитар Богов порача дека централната банка ќе направи се' што е во нејзина моќ да ја одбрани стабилноста на цените, на девизниот курс и на банкарскиот сектор во земјава, а тоа може да доведе до повисоки каматни стапки и понизок економски раст. Иако, банкарите сметаат дека во овој момент не гледаат причини за затегање на монетарната политика, сепак велат дека ако централната банка ја зголеми основната каматна стапка, ќе одговорат и тие со поскапи кредити. Стопанството, пак, веднаш реагира и смета дека ако се случи тоа, ќе се намали и кредитирањето.

„Континуирано во последните две години имаме раст на кредитирањето. Тоа е позитивен тренд. Очекувавме тој да продолжи и годинава, но со оглед на последните случувања ќе видиме како ќе биде развојот во тој сегмент и какви ќе бидат сигналите од комерцијалните банки“, вели Митко Алесков од Сојузот на стопански комори. Тој смета дека зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае врз работењето на компаниите. „Без поддршка на финансискиот сектор, односно зголемено кредитирање тешко може да функционира стопанството, а тоа пак, негативно ќе се одрази и врз растот на бруто-домашниот производ“, истакна Алексов.

Бизнисмените велат дека засега кризата влијае најмногу врз намалување на личната потрошувачка. „Врз основа на информациите на нашите членки, ССК излезе со став дека состојбата е деликатна во овој момент и што е најважно таа треба да се разреши што е можно побрзо. Евидентна е веќе намалената потрошувачка, особено на трајни потрошни добра, а има и други ризици кои ги детектираат комерцијалните банки, поради што може да дојде до поголема рестриктивност во нивната кредитна политика“, велат од ССК.

А банките во последната анкета за кредитна активност на централната банка веќе ја детектирале зголемената ризичност кај компаниите и општо кај вкупната економска активност на земјата. Тие стравуваат за тоа какви се перспективите на одредени економски гранки чии фирми ги кредитираат, но и за тоа како ќе ги наплатат обезбедувањата што ги дале компаниите ако не го вратат кредитот. „Во вакви услови, очекувањата за вкупната економска активност и за перспективата на гранката на која припаѓа претпријатието, како и ризикот од неизвршување на обезбедувањето, придонесуваат кон заострување на условите за одобрување корпоративни кредити“, се вели во анкетата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik