Македонците јадат повеќе зеленчук од месо

Bez autora
May 26 2015

Ако се суди по она што најмногу јадат, Македонците се хранат здраво. Но, начинот на исхраната на домаќинствата очигледно е диктирано од цените. Поточно тие трошат многу поголеми количества зеленчук и овошје отколку месо, чии цени, како што е познато, се и далеку повисоки. Минатата година, како што пресмета Државниот завод за статистика, едно просечно македонско семејство потрошило околу 200 килограми разни видови овошја. Притоа, најмногу се купувале јаболка, 40,5 килограми, па јужно овошје, 58,6 килограми, а дињи и лубеници се потрошиле 33,6 килограми, во просек. Но, не се мали ниту количествата на консумиран зеленчук, над 200 килограми. Домаќинствата најмногу купувале зелка, домати, пиперки, компири и кромид. Или, лани едно семејство купило 43,5 килограми зелка, 75,3 кг домати и 75,3 кг пиперки.

Македонците јадат повеќе зеленчук од месоАко се суди по она што најмногу јадат, Македонците се хранат здраво. Но, начинот на исхраната на домаќинствата очигледно е диктирано од цените. Поточно тие трошат многу поголеми количества зеленчук и овошје отколку месо, чии цени, како што е познато, се и далеку повисоки.

Минатата година, како што пресмета Државниот завод за статистика, едно просечно македонско семејство потрошило околу 200 килограми разни видови овошја. Притоа, најмногу се купувале јаболка, 40,5 килограми, па јужно овошје, 58,6 килограми, а дињи и лубеници се потрошиле 33,6 килограми, во просек. Но, не се мали ниту количествата на консумиран зеленчук, над 200 килограми. Домаќинствата најмногу купувале зелка, домати, пиперки, компири и кромид. Или, лани едно семејство купило 43,5 килограми зелка, 75,3 кг домати и 75,3 кг пиперки. Македонските семејства користат и многу брашно, а јадат и многу големо количество леб. Така, лани едно просечно домаќинство од 3,69 члена, во просек, купило 263,3 килограми леб, 103,7 килограми компир и 124 килограми брашно. Месото и рибата се изгледа помалку присутни на домашните трпези. Притоа, лани најмногу се трошело живинско месо, 38,1 кг, и преработки од месо - 38,8 кг, чија цена е и пониска од чистото месо. Најмалку, пак, семејствата купувале јагнешко, во просек, само 2 килограми, исто како и пред две години. Помалку од пред две години се јадела и риба, свежа или смрзната - 17,1 килограми, но затоа пак, се потрошиле значителни количества на кафе и какао, дури 9,9 килограми по семејство.

Ова го покажуваат податоците на статистичкиот преглед „Потрошувачката на домаќинствата во Република Македонија, 2014 година“, при што во просек е земено дека едно македонско семејство лани имало на располагање околу 5.000 евра или 320.318 денари. Резултатите од анкетата покажале и дека домаќинствата имале помалку пари за трошење, во однос на 2013 година. Во најсиромашните семејства, месечно еден член на домаќинство лани имал да потроши по 31 евро, а во 2013 година повеќе, по 38 евра. И кај најбогатата група на население е намален животниот стандард. Лани еден член на вакво семејство месечно располагал со 217 евра, а една година претходно имал за 24 евра повеќе.

Според статистиката, семејствата со 2,82 члена во 2014 година месечно имале на располагање по 89 евра. Значи, секој од нив за еден месец имал за трошење 31,6 евра, односно по само едно евро дневно. Во оваа категорија спаѓаат 55.658 домаќинства, што претставува 10 проценти од вкупниот број домаќинства во државава. Тие претставуваат околу 8 проценти од вкупното население или се околу 160.000.

Инаку, од вкупниот број на домаќинства или 558.003, статистичките податоци во Прегледот се добиени како резултат на анкетите на 2.572 градски и селски домаќинства. Тие ќе се употребат и за изработка на линиите на сиромаштија, како и за пресметка на индексот на трошоците на животот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik