Околу 20 илјади граѓани сами ќе го докупуваат пензискиот стаж

Bez autora
May 27 2015

Околу 20 илјади граѓаните кои останале без работа во периодот на 90-тите години, кога многу компании ставија катанец на врата, ќе можат да го остварат правото на пензија или пак да имаат повисоки износи ако се веќе пензионери. Граѓаните ќе можат на 12 рати да извршат докуп на пензискиот стаж или со целосна уплата на износот за придонеси. За да може да го извршат плаќањето, потребно е да поседуваат документ за почеток и за престанок на осигурувањето кај фирмата во која работеле. Уплатите ќе се однесуваат на периодот до 31 декември 2008 година, како граница за докуп на стажот. Поради тоа што од 1 јануари 2009 година започна системот на интегрирана наплата на плати и придонеси. Оваа можност им се дава на граѓаните со новите измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за кои вчера доцна попладне се расправаше во Собранието.

Околу 20 илјади граѓани сами ќе го докупуваат пензискиот стажОколу 20 илјади граѓаните кои останале без работа во периодот на 90-тите години, кога многу компании ставија катанец на врата, ќе можат да го остварат правото на пензија или пак да имаат повисоки износи ако се веќе пензионери.

Граѓаните ќе можат на 12 рати да извршат докуп на пензискиот стаж или со целосна уплата на износот за придонеси. За да може да го извршат плаќањето, потребно е да поседуваат документ за почеток и за престанок на осигурувањето кај фирмата во која работеле. Уплатите ќе се однесуваат на периодот до 31 декември 2008 година, како граница за докуп на стажот. Поради тоа што од 1 јануари 2009 година започна системот на интегрирана наплата на плати и придонеси.

Оваа можност им се дава на граѓаните со новите измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за кои вчера доцна попладне се расправаше во Собранието.

Се предлага измените да важат за оние поранешно вработени лица во фирми кои веќе не постојат, односно згаснале поради стечај, ликвидација или од други различни причини. Со овие измени воедно се предвидува и Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, ПИОМ, да може да го продава имотот кој му припаднал во судска постапка по основ на долг од неплатени придонеси. Од продажбата и добиените средства соодветно ќе може да утврди колку стаж ќе може да им пресмета на поранешните осигуреници. Плаќањето на придонесот ќе може да се изврши најмногу до 12 месечни рати, а основица за пресметка и за плаќање изнесува 50 проценти од просечната плата за претходната година.

Според Министерството за труд и социјала, МТСП, анализите покажале дека има голем број работници кои имаат неплатени придонеси за пензиско, за повеќе или за помалку години работен стаж, а проценките на Владата се дека со овој Закон ќе бидат опфатени околу 20 илјади луѓе.

Останува прашањето, колкави суми се очекуваат да легнат на сметката на ПИОМ и колкумина ќе бидат во можност од џеб да извадат пари за да го регулираат пензискиот стаж. Она што е сигурно е дека сумите на уплата поединечно ќе бидат различни, затоа што се разликуваат и платите, фирмите и годините на стаж каде што работеле лицата.

Познато е само висината на процентот од платите. „До пред 2008 година постоеја различни основици за плаќање на придонесите за ПИОМ. Додека поранешната најниска основица за уплата беше 65 отсто, сега ќе се врши уплата на основица од 50 отсто од просечната исплатена плата во претходната година“, објаснуваат од МТСП. Додаваат дека, со оглед на тоа дека мерката вклучува плаќање на придонес врз основа на што ќе се определува пензијата, тоа нема да предизвика дополнителни фискални импликации. sv

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik