Данокот на добивка ја „крепи“ државната каса

Bez autora
May 28 2015

Зголемените приходи од данокот на добивка и од придонеси од хонорарите ја крепат државната каса од почетокот на годинава, покажува најновиот извештај за буџетот за првите четири месеци, кои вчера ги објави Министерството за финансии. Она што е интересно од најновите бројки за трезорот е што во април буџетот за прв пат годинава не влегол во дефицит, туку успеал да оствари дури и мал суфицит од 130 илјади евра. Но, треба да се има предвид фактот дека претходно, во првите три месеци од годинава, државната каса влезе во висок минус, така што априлскиот благ вишок придонесе за своевидно „закочување“, односно стабилизирање на буџетскиот дефицит. Или, во првите четири месеци од годинава, буџетот бил во минус од вкупно 102 милиони евра, што е 34 отсто од вкупно предвидениот дефицит за оваа година.

Данокот на добивка ја „крепи“ државната касаЗголемените приходи од данокот на добивка и од придонеси од хонорарите ја крепат државната каса од почетокот на годинава, покажува најновиот извештај за буџетот за првите четири месеци, кои вчера ги објави Министерството за финансии.

Она што е интересно од најновите бројки за трезорот е што во април буџетот за прв пат годинава не влегол во дефицит, туку успеал да оствари дури и мал суфицит од 130 илјади евра. Но, треба да се има предвид фактот дека претходно, во првите три месеци од годинава, државната каса влезе во висок минус, така што априлскиот благ вишок придонесе за своевидно „закочување“, односно стабилизирање на буџетскиот дефицит.

Или, во првите четири месеци од годинава, буџетот бил во минус од вкупно 102 милиони евра, што е 34 отсто од вкупно предвидениот дефицит за оваа година.

Ако се гледа приходната страна на буџетот од почетокот на годинава, може да се забележи дека данокот на добивка има огромно натфрлање во однос на лани, но затоа е регистрирано потфрлање кај данокот на додадена вредност.

Во периодот од јануари заклучно со април, државата собрала дури 100 милиони евра од данок на добивка, зборуваат бројките, наспроти 31 милион евра инкасирани од овој данок во истиот тајминг минатата година. Тоа значи дека приходите од данокот на добивка во првите четири месеци се зголемиле за дури 69 милиони евра. Експертите објаснуваат дека главна причина за порастот на приходите од овој данок се законските измени кои важат од почетокот на годинава, а со кои добивката што компаниите не ја реинвестираат, задолжително се оданочува. Приливите од овој данок се особено повисоки во март и во април, што според познавачите се должи на тоа што оттогаш почнуваат аконтативните месечни плаќања.

Законската новина, пак, со која се плаќаат придонеси и на хонорарите, во првите четири месеци од годинава на буџетот му донела приходи повисоки за близу 20 милиони евра. Или, од јануари заклучно со април, вкупно од придонеси се остварени приходи од 247 милиони евра.

Вкупно во првите четири месеци подобри остварувања имало и кај акцизата, за околу 26 милиони евра, како и кај персоналниот данок на доход, за околу 5 милиони евра.

Но, кај данокот на добивка има потфрлање, за нешто повеќе од 14 милиони евра, односно годинава од јануари до април од овој традиционално најзначаен полнач на државната каса се собрале 208 милиони евра, наспроти 222 милиони минатата година. Познавачите велат дека приходите од ДДВ се најдобар показател за движењата во економијата, односно штом тие се намалуваат, тоа е знак дека е намалена стопанската активност во земјата, односно потрошувачката, набавката на репроматеријали и слично.

Или, генерално, од даноци во првите четири месеци се инкасирани 497 милиони евра, што е за 81 милион повеќе од лани.

Вкупните приходи од јануари заклучно со април годинава изнесуваат 848 милиони евра, или 108 милиони евра повеќе од минатата година.

Додека, пак, државата во првите четири месеци потрошила 950 милиони евра, или околу 11 милиони евра повеќе од истиот период лани, покажува расходната страна на буџетот.

Неповолно остварување има кај капиталните инвестиции. Односно, за инфраструктурни и други проекти државата заклучно со април вложила 88 милиони евра, што е околу 26 отсто од вкупната сума што за цела година е планирано да се инвестира во вакви проекти.

Инаку, ако се набљудува само април, приходите во тој месец изнесуваат 234 милиони евра, приближно колку и расходите, што е причина за благиот суфицит. Од даноци во април се собрале 141 милиони евра, при што од данок на добивка дури 36 милиони евра, од ДДВ 57 милиони, а од придонеси 69 милиони евра. Од казни и глоби во април се инкасирани 2,7 милиони евра, а растат другите неданочни приходи, кои донеле 2,4 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik