Просечната плата во март е 21.402 денари

Bez autora
May 28 2015

Во март годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 21.402 денари, што е за 1,9 отсто повисока во однос на март минатата година. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, од каде што велат дека зголемувањето се должи, пред се', на повисоката месечна исплатена плата во секторите „уметност, забава и рекреација“ и тоа за 9,4 проценти, потоа во „други услужни дејности“ за 7,1 процент и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 5,5 проценти. Пораст на просечната месечна плата, во однос на претходниот месец, е забележано и во секторите: „рударство и вадење камен“ и тоа за 15,6 проценти, „земјоделство, шумарство и рибарство“ за 6,8 проценти и „трговија на големо и трговија на мало“, „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 6,2 проценти. Исплатената месечна бруто-плата во март изнесувала 31.455 денари.

Просечната плата во март е 21.402 денариВо март годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 21.402 денари, што е за 1,9 отсто повисока во однос на март минатата година.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, од каде што велат дека зголемувањето се должи, пред се', на повисоката месечна исплатена плата во секторите „уметност, забава и рекреација“ и тоа за 9,4 проценти, потоа во „други услужни дејности“ за 7,1 процент и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 5,5 проценти.

Пораст на просечната месечна плата, во однос на претходниот месец, е забележано и во секторите: „рударство и вадење камен“ и тоа за 15,6 проценти, „земјоделство, шумарство и рибарство“ за 6,8 проценти и „трговија на големо и трговија на мало“, „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 6,2 проценти.

Исплатената месечна бруто-плата во март изнесувала 31.455 денари.

Во март годинава 1,1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik