Владата додели грантови за иновации на 16 компании

Bez autora
May 31 2015

Вкупно 450.000 евра че бидат доделени во вид на кофинансирани грантови на 16 „старт-ап“ и „спин-оф“ компании, во рамки на првиот јавен повик за предлог-проекти на Фондот за иновации и технолошки развој. Како што информираше директорката на Фондот за иновации, Јасмина Поповска на овој повик пристигнале 78 проекти, од кои 34 поминале во наредната фаза на евалуација, а 16 се избрани за финансирање. Тоа претставува 20 отсто од вкупниот број на апликации и ние сме задоволни со тоа. Вкупниот буџет изнесуваше 600.000 евра, но со овој повиќ ќе бидат доделени 450.000 евра, од причина што дел од буџетите на апликациите не побарале максиманлна сума од 30.000 евра, истакна Поповска. Половина од избраните проекти за финансирање, се од информатичките области, а останатите се од различни сфери.

Владата додели грантови за иновации на 16 компанииВкупно 450.000 евра че бидат доделени во вид на кофинансирани грантови на 16  „старт-ап“ и „спин-оф“ компании, во рамки на првиот јавен повик за предлог-проекти на Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што информираше директорката на Фондот за иновации, Јасмина Поповска на овој повик пристигнале 78 проекти, од кои 34 поминале во наредната фаза на евалуација, а 16 се избрани за финансирање.

Тоа претставува 20 отсто од вкупниот број на апликации и ние сме задоволни со тоа. Вкупниот буџет изнесуваше 600.000 евра, но со овој повиќ ќе бидат доделени 450.000 евра, од причина што дел од буџетите на апликациите не побарале максиманлна сума од 30.000 евра, истакна Поповска.

Половина од избраните проекти за финансирање, се од информатичките области, а останатите се од различни сфери.

Таа додаде дека буџетот за следниот јавен повик ќе изнесува 1.700.000 евра и дека ќе бидат отворени повици за сите 4 инструменти кои што се на располагање на фондот.

Следните повици ќе бидат наменети за комерцијализација на иновации, зa трансфер на технологии и деловно-технолошки акцелератори и секако истиот инструмент повторно ќе биде објавен, рече Поповска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik