Странците се' помалку инвестираат во Македонија

Bez autora
May 31 2015

Политичката криза во земјава се' посилно го зема својот данок и кај странските инвестиции. Во првиот квартал од годинава тие се намалени за 36,3 отсто во однос на истиот период лани. Ова го покажуваат најновите податоци кои ги објави Народна банка на Македонија. Според нив, во првите три месеци од годинава во земјава биле вкупно инвестирани 69 милиони евра, наспроти близу 109 милиони евра вложени во истото време минатата година. Ако се гледа како инвестициите од почетокот на годинава се движеле по месеци, може да се забележи дека било најдобро во јануари, со инвестирани 35,4 милиони евра, по што следува февруари, со многу силно инвестициско потфрлање, односно биле вложени само 13,4 милиони евра. Притоа треба да се напомене и дека бројките за инвестирани странски пари во првите два месеца беа дури и пониски во претходниот извештај на НБМ, а сега доживеале нагорна ревизија.

Странците се' помалку инвестираат во МакедонијаПолитичката криза во земјава се' посилно го зема својот данок и кај странските инвестиции. Во првиот квартал од годинава тие се намалени за 36,3 отсто во однос на истиот период лани.

Ова го покажуваат најновите податоци кои ги објави Народна банка на Македонија. Според нив, во првите три месеци од годинава во земјава биле вкупно инвестирани 69 милиони евра, наспроти близу 109 милиони евра вложени во истото време минатата година.

Ако се гледа како инвестициите од почетокот на годинава се движеле по месеци, може да се забележи дека било најдобро во јануари, со инвестирани 35,4 милиони евра, по што следува февруари, со многу силно инвестициско потфрлање, односно биле вложени само 13,4 милиони евра. Притоа треба да се напомене и дека бројките за инвестирани странски пари во првите два месеца беа дури и пониски во претходниот извештај на НБМ, а сега доживеале нагорна ревизија.

Ако се набљудува само март, во него земјава станала домаќин на 20,4 милиони евра странски пари. Но, тоа не се должи на реална инвестиција, туку на должничките инструменти.

Па така, табелата на НБМ покажува дека по основ на сопственички капитал и реинвестирање на добивката (што, всушност, се смета за она чисто класично инвестирање), во март не само што не дошол странски капитал, туку дури и се одлеале 20 милиони евра. Но, затоа сликата ја поправаат должничките инструменти, на кои отпаѓаат 40,4 милиони евра, па така на крајот останува дека инвестицискиот прилив во третиот месец од годинава е 20,4 милиони евра.

Инаку, бизнисмените во земјава подолг период наназад укажуваат дека политичката криза ги пишмани странските инвеститори, или ги одлага нивните одлуки за инвестирање за некои идни подобри времиња. Покрај странските, кризата дејствува дестимулирачки и врз домашните инвестиции.

Стопанствениците најавија дека наредната недела ќе испорачаат 20 предлог-мерки до Владата, со цел полесно да се надмине овој тежок период и за економската состојба.

Гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, досега во неколку наврати изјави дека политичката криза најпрво се рефлектира негативно врз инвестициите, и домашните и странските.

На собраниската седница, одговарајќи на пратеничко прашање, вицепремиерот за економски прашања, Владо Пешевски, рече дека актуелната политичка криза не може да биде позитивна за економијата, а нејзините ефекти ќе бидат краткорочни и долгорочни. Краткорочните не се, рече, толку драматични, но долгото траење и експонирање на Македонија во негативен контекст, и кај домашните и кај странските инвеститори, неминовно ќе донесат долгорочни негативни ефекти.

„Дури и утре да се надмине и да се најде целосно решение, негативните ефекти ќе се одразуваат со години. Веќе почнуваме кај определени инвеститори од странство да гледаме сигнали за одложување на своите инвестициски одлуки за Македонија. Оние што донеле одлука за почеток на градба сакаат да почекаат еден-два месеци. Тоа се компании кои веќе имале доверба во Македонија и донеле одлука да инвестираат, но сега, гледајќи што се случува, ги преиспитуваат своите ставови. Но, уште поголема е штетата со компаниите со кои сме во фаза на преговори. Сето тоа е загрозено и забавено“, нагласи Пешевски.

Инаку, вкупно во текот на целата мината година во земјава влегол странски капитал тежок 262 милиони евра, што е само 10 милиони евра повеќе од 2013, кога се инвестирани 252 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik