Нова емисија обврзници, но со нив нема да се плаќаат концесии

Bez autora
Jun 02 2015

Вкупно 9,5 милиони евра вреди новата, 14. по ред емисија на обврзници за денационализација, која вчера ја издаде Министерството за финансии. Но, обврзниците, не само од оваа туку и од сите досегашни емисии, повеќе нема да можат да се користат за да се плаќаат со нив надоместоци за концесии, ниту за купување државно земјиште, туку само за отплата на станови во општествена сопственост. Ова го предвидуваат последните измени на Законот за денационализација, кои народните избраници ги изгласаа на почетокот од март оваа година. Според брокерите со кои разговаравме, овие новини ќе го намалат интересот за обврзниците, што најмногу ќе се почувствува кај најновата емисија. Новата обврзница обично е најинтересна, бидејќи има најголеми количини и најголем дисконт и затоа се очекува дека овие законски измени кај неа најмногу ќе се одразат, велат дел од брокерите.

Нова емисија обврзници, но со нив нема да се плаќаат концесииВкупно 9,5 милиони евра вреди новата, 14. по ред емисија на обврзници за денационализација, која вчера ја издаде Министерството за финансии.

Но, обврзниците, не само од оваа туку и од сите досегашни емисии, повеќе нема да можат да се користат за да се плаќаат со нив надоместоци за концесии, ниту за купување државно земјиште, туку само за отплата на станови во општествена сопственост. Ова го предвидуваат последните измени на Законот за денационализација, кои народните избраници ги изгласаа на почетокот од март оваа година.

Според брокерите со кои разговаравме, овие новини ќе го намалат интересот за обврзниците, што најмногу ќе се почувствува кај најновата емисија. „Новата обврзница обично е најинтересна, бидејќи има најголеми количини и најголем дисконт и затоа се очекува дека овие законски измени кај неа најмногу ќе се одразат“, велат дел од брокерите. Според нив, фактот што обврзниците веќе нема да можат да се користат за плаќање надомест за концесии и за земјиште ќе го намали интересот, главно кај компаниите, кои ги купуваа и со нив ги плаќаа овие обврски.

„Сега ќе ги купуваат само институционалните инвеститори, како што се пензиските и инвестициските фондови, потоа осигурителните компании, како и банките. Всушност, тие ќе ги купуваат обврзниците само заради остварување приноси и ќе ги држат до рокот на достасувањето, односно главната цел ќе им биде сигурно вложување и чување на своите слободни средства“, велат познавачите.

Според последните цени, обврзниците од 13. емисија се продаваа по 95 отсто од вредноста или дисконт од 5 отсто, од 12. имаа цена од 93,9 отсто, од 11. беа со 94 проценти, „десетката“ беше со 96,1 отсто, деветтата со 95 отсто, осмата имаше вредност од 96,5 отсто, седмата 97,5 отсто, шестата и петтата вредност од 98 отсто, а четвртата, која е последна, е со дисконт од само 1 отсто. Покрај можноста обврзниците да се продадат на берза по оваа дисконтирана цена, сопствениците можат и да чекаат до крајот на достасувањето, односно да добиваат годишни рати се' до конечната отплата и така на подолг рок ќе ја добијат целата вредност на обврзницата.

Министерството за финансии вчера соопшти дека со 14. емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2014 до 31 јануари 2015, за кои како надомест се доделени обврзници. „Централниот депозитар за хартии од вредност на сопствениците ќе им достави известување за личниот износ на емитувани обврзници на домашна адреса“, соопштија од Министерството.

Досега издадените 14 емисии на обврзници за денационализација се со вкупна вредност од 333,5 милиони евра.

Се најавува дека во наредниот период ќе има уште една, 15. емисија со која би се опфатиле предметите за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање обврзници. „За спроведување на Законот што се предлага, потребни се финансиски средства во износ од околу 10 милиони евра за 15. емисија. Исплатата на овие обврзници ќе започне од 2017 година и ќе се врши во наредните десет години“, се наведува во образложението на измените на Законот за издавање обврзници за денационализација, кои, исто така, беа изгласани на почетокот од март оваа година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik