Струјата поевтинува 0,33 отсто

Bez autora
Jun 30 2015

Цената на електричната енергија за крајните корисници се намалува од 1 јули за 0,33 отсто, одлучи во вторникот Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ваквата одлука Комисијата ја донела откако на подготвителната седница констатирала дека се намалиле трошоците на енергетските компании. Компаниите доставија реални барања за признавање на нивните трошоците за инвестициите и за плановите за работа, рече претседателот на РКЕ, Димитар Петров. Тој истакна дека сите компании побарале да им се признае зголемување на нивните трошоци и имале забелешки на одлуката на комисијата во поглед на непризнавање на одредени трошоци од групата „други услуги“. Петров негираше дека одлуката за минималното намалување на струјата е политичка, туку дека е донесена врз основа на постоечките прописи и соодветниот тарифен систем.

Струјата поевтинува 0,33 отстоЦената на електричната енергија за крајните корисници се намалува од 1 јули за 0,33 отсто, одлучи во вторникот Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Ваквата одлука  Комисијата ја донела откако на подготвителната седница констатирала дека се намалиле трошоците на енергетските компании.

„Компаниите доставија реални барања за признавање на нивните трошоците за инвестициите и за плановите за работа“, рече претседателот на РКЕ, Димитар Петров.

Тој истакна дека сите компании побарале да им се признае зголемување на нивните трошоци и имале забелешки на одлуката на комисијата во поглед на непризнавање на одредени трошоци од групата „други услуги“.

Петров негираше дека одлуката за минималното намалување на струјата е политичка, туку дека е донесена врз основа на постоечките прописи и соодветниот тарифен систем.

Според одлуката на РКЕ, максимално дозволените трошоци на ЕЛЕМ се зголемуваат за 0,34 отсто, на МЕПСО се намалуваат за 6,88 отсто, а на ЕВН се намалуваат за 1,33 отсто.

Новата цената на електричната енергија за сметките од јули ќе изнесува 4,45 денари за киловат час, наместо досегашните 4,47.

Од вкупната цена на електричната енергија 50,6 отсто одат за ЕЛЕМ, 5,24 отсто за МЕПСО, а 44,16 за ЕВН.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik