Ветерниците „Богданци“ почнаа да призведуваат електрична енергија

Bez autora
Jul 06 2015

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, и официјално почна да произведува електрична енергија. Капацитетот, по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси, стана прв од таков вид во нашата земја, кој ја користи силата на ветерот за производство на енергија. Во паркот има 16 ветерници, чие поставување заврши на 20 февруари минатата година. За успешна реализација на проектот пред фазата на монтажа на ветерниците беа изградени 20/110 киловолтна трафостаница, 110 киловолтен далековод во должина од 11,8 километри, пристапни патишта, изградба на приклучно поле во КС 110/35/10 киловолти во Валандово и изградба на командна зграда.

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, и официјално почна да произведува електрична енергија. Капацитетот, по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси, стана прв од таков вид во нашата земја, кој ја користи силата на ветерот за производство на енергија.

Во паркот има 16 ветерници, чие поставување заврши на 20 февруари минатата година. За успешна реализација на проектот пред фазата на монтажа на ветерниците беа изградени 20/110 киловолтна трафостаница, 110 киловолтен далековод во должина од 11,8 километри, пристапни патишта, изградба на приклучно поле во КС 110/35/10 киловолти во Валандово и изградба на командна зграда.

Денеска во посета на паркот беа премиерот Никола Груевски и директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.

Паркот на ветерници, во периодот на пробна работа од април лани, до почетокот на јули годинава, кон електроенергетскиот систем на земјава испорача над 135.000 мегават часови електрична енергија. Во првите 11 месеци од тест работењето го испорача проектираното годишно производство од 100.000 мегават часови.

Во првата половина од годинава ветерниот парк „Богданци“ произведе 65.000 мегават часови електрична енергија, односно 70 отсто од вкупно планираното производство за годинава. Паркот на ветерници со производство од најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија веќе ги снабдува домаќинствата на преку 60.000 граѓани или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово или Гостивар. Годишното производство од овој капацитет е речиси еднакво на потребите на потрошувачите од Богданци, Гевгелија и Дојран. Со овој ветерен парк се зголеми учеството на обновливите извори во портфолиото на АД ЕЛЕМ за 36,8 мегавати. Паркот на ветерници „Богданци“ е капацитет вреден 55,5 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik