Трговската размена во првите пет месеци околу 4,3 милијарди долари

Bez autora
Jul 07 2015

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во првите пет месеци од годинава изнесува 1.751.496.000 американски долари, а на увозот 2.526.927.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 69,3 отсто, а трговскиот дефицит 775.432.000 долари. Како што соопшти Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во првите пет месеци од годинава изнесува 1.751.496.000 американски долари, а на увозот 2.526.927.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 69,3 отсто, а трговскиот дефицит 775.432.000 долари.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари - мај 2015 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ28 (76,9 отсто) и земјите од Западен Балкан (11,5 проценти), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ28 (63,3 отсто) и Останати земји, на друго место неспомнати (12 отсто).

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија (50,8 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik