Со проектот „Македонија вработува“ вработени 3.850 лица

Bez autora
Jul 27 2015

Проектот „Македонија вработува“ за неполни три месеци ги дава очекуваните резултати. Вработени се 3.850 лица во Македонија, а во општина Кочани бројот на вработените преку овој проект е 256 лица. Тоа се нови вработувања, претежно во компаниите „Антура“ и „Амфенол“, но и во неколку помали странски компании во општината. Ова во саботата го истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, при посетата на Облешево, каде што ја пушти во употреба новата градинка. За новиот проект на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, за обука на побарувани занимања на пазарот на трудот ќе се обучат 220 невработени, на механизацијата и машините кои функционираат во приватните компании, кои се подготвени да вработат обучени кадри.

Проектот „Македонија вработува“ за неполни три месеци ги дава очекуваните резултати. Вработени се 3.850 лица во Македонија, а во општина Кочани бројот на вработените преку овој проект е 256 лица. Тоа се нови вработувања, претежно во компаниите „Антура“ и „Амфенол“, но и во неколку помали странски компании во општината.

Ова во саботата го истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, при посетата на Облешево, каде што ја пушти во употреба новата градинка. За новиот проект на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, за обука на побарувани занимања на пазарот на трудот ќе се обучат 220 невработени, на механизацијата и машините кои функционираат во приватните компании, кои се подготвени да вработат обучени кадри.

„Со ова ќе се зголемат нивните способности и вештините што ги поседуваат, а со тоа и можноста побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка, обезбедивме вкупно 12 милиони денари“, појасни Спасов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik