Девизните резерви паднале повеќе од очекуваното, но се сигурни

Bez autora
Jul 29 2015

Народна банка на Македонија во својот последен јулски извештај забележа зголемени ризици за македонската економија кои се и од домашна и од надворешна природа. Во извештајот што е објавен на интернет-страницата на НБМ се вели дека економскиот раст во првиот квартал од годинава бил на линија со проектираниот, а носител на растот е извозниот сектор, со солиден раст и на домашната побарувачка. Најновите податоци укажувале дека растот ќе продолжи и во текот на вториот квартал. Но, загрижува падот на индустриското производство. Еден од показателите кој упатува на материјализација на негативните ризици е индустриското производство, кое во април - мај забележа пад на годишна основа од 3 отсто, се вели во извештајот.

Девизните резерви паднале повеќе од очекуваното, но се сигурниНародна банка на Македонија во својот последен јулски извештај забележа зголемени ризици за македонската економија кои се и од домашна и од надворешна природа.

Во извештајот што е објавен на интернет-страницата на НБМ се вели дека економскиот раст во првиот квартал од годинава бил на линија со проектираниот, а носител на растот е извозниот сектор, со солиден раст и на домашната побарувачка. Најновите податоци укажувале дека растот ќе продолжи и во текот на вториот квартал. Но, загрижува падот на индустриското производство.

„Еден од показателите кој упатува на материјализација на негативните ризици е индустриското производство, кое во април - мај забележа пад на годишна основа од 3 отсто“, се вели во извештајот.

И покрај зголемените ризици, нема позначајни промени во амбиентот на спроведување на монетарната политика, сметаат од централната банка.

Од НБМ очекувале пад на девизните резерви, но не толку колку што тие се намалија. Односно, на крајот на вториот квартал од годинава девизните резерви биле на ниво од 2,254 милијарди евра, што е за 100 милиони евра помалку во однос на првиот квартал, или близу 182 милиони евра намалување во однос на крајот на минатата година.

„Девизните резерви во вториот квартал забележаа пад кој е нешто повисок од очекувањата. Сепак, показателите за адекватноста на девизните резерви и натаму остануваат во сигурната зона“, се вели во извештајот.

Кредитите растат солидно и повеќе од очекувањата, но кај депозитите беше забележан пад кај секторот население, каде што штедните влогови досега постојано одеа по нагорна линија. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во јуни е 9,1 отсто и е над проекцијата за вториот квартал, од 8,8 отсто. Вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 8,8 отсто, а проекцијата беше 10 отсто. „Кај депозитите има послаби остварувања од очекуваните, што во еден дел можеби е одраз на неизвесниот домашен и глобален амбиент, како фактори што влијаат врз очекувањата на домаќинствата. Но растот на вкупните депозити, при само двомесечен благ пад на депозитите на населението, значи дека може да станува збор за привремени трендови“, велат од НБМ.

Централната банка смета дека останува неизвесноста поврзана со домашните политички случувања, како и со развојот на грчката должничка криза, што упатува на зголемени ризици. Еврозоната продолжува да закрепнува, а на пазарот на труд во мај била забележана стапка на невработеност од 11,1 отсто, најниска во последните три години.

Последните движења кај светските цени на нафтата упатуваат на помал пад оваа година. За цените на металите, пак, се задржани претходните очекувања за пад на цената на никелот и раст на цената на бакарот и во 2015 и 2016 година. Кај храната се очекува значително повисок раст на цените на пченката и пченицата во оваа и следната година, што може посилно да притиска врз домашната инфлација.

Од НБМ направиле своја анализа и за фискалниот сектор. „Во мај во Буџетот на Македонија беше остварен дефицит од 1.609 милиони денари, кој главно беше финансиран преку повлекување средства од сметката на државата кај НБМ, а во помал дел и преку дополнителна нето-емисија на државни хартии од вредност. Кумулативно за периодот јануари - мај годинава е остварен буџетски дефицит од 1,4 отсто од БДП, што номинално претставува 42,7 отсто од предвидениот буџетски дефицит за годинава“, се вели во извештајот на централната банка.

Просечната плата во мај била 359 евра

Просечната месечна плата во мај годинава изнесува 22.071 денари или околу 359 евра, што е зголемување за 2,7 отсто во однос на април. Ова покачување, според податоците на Државниот завод за статистика, се должи, пред се', на зголемувањето на просечната месечна плата на вработените во секторот уметност, забава и рекреација каде што зголемувањето е за 15,8 отсто, потоа на други услужни дејности каде што платата е покачена за 7,5 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита каде што зголемувањето е за 5 проценти.

Раст на просечната плата во однос на април е забележан и во секторите стручни, научни и технички дејности за 6,1 отсто, потоа уметност, забава и рекреација за 5,4 отсто и информации и комуникации за 5,0 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2015 изнесува 32.393 денари.

Во мај 2015 година, 1,6 отсто од вработените во Македонија не добиле плата. (Ек.Р.)

НБМ набавува неисковани монети од турска компанија

Народна банка на Македонија набавува неисковани монети, таканаречени рондели, за околу 550 илјади евра, од компанија во Турција.

Всушност, како што стои во Договорот за јавна набавка, кој беше објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, предмет на договорот се неисковани монети (рондели), со апоенска вредност од 50 денари. Количината е 10.000.000 парчиња, што во тежина е 77 тони.

Инаку, рондели се неисковани монети, на кои со аплицирање на втисок со специјална машина за ковање монети се добива конечниот изглед на кованите пари, кој одговара на утврдениот дизајн. Практично, тоа со голи метални парички, на кои потоа треба да се втисне дизајнот што одговара.

Договорот е склучен на 14 јули оваа година, а ќе се спроведува во период од 10 месеци.

При реализација на набавката одела меѓународна објава и била користена електронска аукција. Била добиена една понуда, а критериум за доделување на договорот бил најниската цена. Притоа, цената што ја понудила турската компанија изнесува 33.821.064 денари или 549,9 илјади евра, и според неа ќе се реализира договорот. „Алтек Докум Хаде Мамулери“ е името на турската компанија што ја добила набавката, со седиште во Истанбул.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik