Инвеститорите трупаат милионски профити од купувачите на станови

Bez autora
Jul 29 2015

Колку е реална цената на становите во Македонија? Дали некогаш сте се запрашале колку плаќате за метар квадратен, а колку инвеститорот го чинела изградбата? Според анализата на консултантската компанија за недвижности „Фортон“, реалниот трошок на инвеститорот во изградбата на становите се движи меѓу 443 и 650 евра за метар квадратен. „Цените на становите ќе останат стабилни, но има простор тие да бидат пониски. Во вкупната продажна цена на станот, профитот што останува за инвеститорот зафаќа меѓу 20 и 45 отсто. Што значи дека се остваруваат огромни профити од градењето на станбени и деловни единици“, рече Влатко Богоевски, директорот на консултантската компанија за недвижности "Фортон". Оваа анализа, првпат открива кои се градежните компании кои држат најголем дел од колачот со недвижности во земјава.

Инвеститорите трупаат милионски профити од купувачите на становиКолку е реална цената на становите во Македонија? Дали некогаш сте се запрашале колку плаќате за метар квадратен, а колку инвеститорот го чинела изградбата?

Според анализата на консултантската компанија за недвижности „Фортон“, реалниот трошок на инвеститорот во изградбата на становите се движи меѓу 443 и 650 евра за метар квадратен. „Цените на становите ќе останат стабилни, но има простор тие да бидат пониски. Во вкупната продажна цена на станот, профитот што останува за инвеститорот зафаќа меѓу 20 и 45 отсто. Што значи дека се остваруваат огромни профити од градењето на станбени и деловни единици“, рече Влатко Богоевски, директорот на консултантската компанија за недвижности "Фортон".

Оваа анализа, првпат открива кои се градежните компании кои држат најголем дел од колачот со недвижности во земјава. Се работи за пет градежни компании кои го раководат градежниот пазар во земјава и ги одредуваат цените на становите и на деловниот простор. Од вкупната понуда на станбени и на деловни единици, 60 отсто е концентрирана во "Адора инженеринг", "Голден арт", "Настел", "Дабар" и "НГ инженеринг". "Ако има поголема конкуренција, особено од странски компании, тогаш ќе се регулира и пазарот на недвижности и многу веројатно ќе паднат и цените на метар квадратен". Ова на вчерашната прес конференција го посочи директорот Богоевски, при презентацијата на анализата на пазарот на недвижности во првото полугодие од годинава.

"Просечната цена на метар квадратен за стан изнесува 979 евра. Највисока е на становите во Центар, каде што во просек метар квадратен чини 1.161 евро, следува Карпош со цена од 1.110 евра и 940 евра во Аеродром. Притоа, во шесте месеци од годинава е зголемена продажбата на станови за 30,5 отсто, а побарувачката за наем на деловен простор за 90 отсто, во споредба со истиот период лани", посочи Богоевски.

Тој додаде дека при носењето на одлука за купување на стан, граѓаните на прво место ја ставаат цената, потоа локацијата, функционалноста и на крајот е квалитетот на градбата. Најголем процент од купувачите на нови станови за живеење се млади брачни двојки, а по нив се луѓето од внатрешноста на земјата кои купуваат станови или деловен простор на поатрактивни локации заради издавање.

Најмногу или 83 отсто од побарувачката за станови во Скопје е за оние со две спални соби и со површина до 67 метри квадратни.

"Се очекува дека цените на резиденцијалниот простор ќе останат стабилни во претстојниот период како и дека банките дополнително ќе ја зголемат конкуренцијата на пазарот на станбени кредити, со тоа што ќе понудат пониски каматни стапки. До крајот на 2016 се очекува да се испорачаат 4.392 нови станбени единици. Најголем дел или 70 отсто од новата понуда ќе биде во општините Аеродром, Карпош и Центар", рече Богоевски.

Инаку, според анализите на "Фортон", моменталната понуда на станови на пазарот изнесува 3.534, што е помалку за 25,9 отсто во споредба со првата половина од 2014, а 36 отсто од изградените станови се непродадени.

Што се однесува до деловниот простор, во шесте месеци се издадени површини од "А" класата за 90 отсто повеќе во однос на втората половина на 2014, при што цените биле неизменети и останале на нивото од 12 до 14,5 евра за метар квадратен. За изнајмување на деловен простор биле најмногу заинтересирани ИТ и автсорсинг компании.

"Генерално, трговските центри успеаја да го подобрат својот микс на закупци со што станаа поатрактивни за купувачите. Најактивни на овој пазар беа супермаркетите и продавниците за мебел кои имаа најголема експанзија на новозакупен простор", додаде Богоевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik