„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз од 15 отсто и 56 нови вработувања

Bez autora
Jul 30 2015

Најголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид АД“ Скопје соопшти дека остварила позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015 година. Ова го покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Во периодот јануари - јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15 отсто. Зголемување од 9 отсто е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот биланс на успех.

„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз од 15 отсто и 56 нови вработувањаНајголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид АД“ Скопје соопшти дека остварила позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015 година. Ова го покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

„Во периодот јануари - јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15 отсто. Зголемување од 9 отсто е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5 отсто“, покажува консолидираниот биланс на успех.

Според единечниот биланс на успех, пак, во периодот јануари - јуни, продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2015 година изнесуваат 422.120 илјади денари. Во првата половина од година во „Алкалоид“ се реализирани 56 нови вработувања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik