За непријавени работници казни до 2.100 евра

Bez autora
Aug 01 2015

Речиси сите закони во кои се пропишуваа драконски глоби за компаниите и за нивните управители, постепено се усогласија со изменетиот Закон за прекршоци, со што казните драстично се намалуваат, и до 70 проценти од досегашните суми. Компаниите конечно можат малку да здивнат од досегашното санкционирање кое драматично ги тенчеше нивните буџети. Откако први доживеаја снижување глобите во законите од областа на даноците и на финансиската сфера во земјава, деновиве на ред дојдоа и законските прописи поврзани со работните односи. Нивните измени веќе се усвоени на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Еден од позначајните прописи во оваа област е Законот за работни односни, кој досега предвидуваше глоби и од 7.000 евра. Сега тие ќе се сведат на 30 отсто од оваа сума, односно на 2.100 евра.

За непријавени работници казни до 2.100 евраРечиси сите закони во кои се пропишуваа драконски глоби за компаниите и за нивните управители, постепено се усогласија со изменетиот Закон за прекршоци, со што казните драстично се намалуваат, и до 70 проценти од досегашните суми.

Компаниите конечно можат малку да здивнат од досегашното санкционирање кое драматично ги тенчеше нивните буџети.

Откако први доживеаја снижување глобите во законите од областа на даноците и на финансиската сфера во земјава, деновиве на ред дојдоа и законските прописи поврзани со работните односи. Нивните измени веќе се усвоени на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Еден од позначајните прописи во оваа област е Законот за работни односни, кој досега предвидуваше глоби и од 7.000 евра. Сега тие ќе се сведат на 30 отсто од оваа сума, односно на 2.100 евра. Предлагачите на измените во своето образложение велат дека тие се неопходни заради усогласување со сега изменетиот Закон за прекршоци.

Најзначајната новина е што казните до 7.000 евра, сега се заменуваат со многу помал износ, односно 30 отсто од сумата. Па така, досега се изрекуваше глоба од 6.000 до 7000 евра во случај кога не е склучен договор за вработување меѓу работникот и работодавецот, работодавецот не го пријавил работникот, не обезбедил услови за безбедност на животот и здравјето на работниците, не ја почитува личноста и достоинството на работникот и слично. Согласно со измените, пак, сега се изрекува глоба во износ од 30 отсто од овој износ, или максимум 2.100 евра.

Ако, пак, како работодавецот се јавува физичко лице, тоа досега за непријавени работници можеше да плати казни од 4.000 до 5.000 евра, а сега казните за него ќе бидат од 700 до 1.050 евра.

Во измените се содржани и опомените, кои инспекторите треба да им ги изречат на фирмите пред да ги казнат, што досега не беше случај. Па така, со измените во Законот за работни односи сега се наведува дека ако инспекторот на труд затекне на работа кај работодавецот лица со кои не е заснован работен однос и тие не се пријавени, со решение ќе му нареди на работодавецот во рок од осум дена со нив да заснова работен однос на неопределено време, и во наредните три месеци да не го намали вкупниот број вработени. Додека, пак, во досегашната одредба од Законот, се наведуваше дека ако во одредена компанија инспекторот затекне до двајца непријавени работници, тој веднаш ќе му издаде покана за плаќање глоба од 1.000 евра. Со измените се предвидува и дека ако работодавецот го повтори прекршокот во рок од една година, инспекторот на труд со решение ќе забрани негова работа во рок од 30 дена, и ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.

Намалување на глобите и нивно сведување до 30 отсто од досегашниот износ има и за серија други пропусти кои може да се утврдат кај работодавецот, како на пример ако не го чува договорот за вработување во своето седиште, или не му врачил примерок на работникот.

Притоа, со измените на Законот за работни односи, во него се брише и обврската за плаќање придонеси за хонорарите, која беше вметната пред седум месеци кога таа се воведе како задолжителна.

Кај измените на Законот за безбедност и здравје при работа, каде што, исто така, казните досега беа од 5.000 до 8.000 евра, за прекршоци од таканаречената трета категорија, сега и тие се сведуваат на 30 отсто од овој износ. Па така, ако досега овие големи суми газдата требаше да ги плати ако не обезбеди соодветна опрема за заштита на работниците при работа или соодветни обуки за заштита, сега таа казна ќе се сведе на максимум 2.400 евра.

Во измените на Законот за минимална плата, пак, сега се предвидува дека ако инспекторот на труд утврди дека работодавецот на работникот не му исплатил минимална плата, прво со решение ќе му нареди во рок од осум дена да ја исплати. Ако работодавецот го повтори прекршокот во рок од една година, инспекторот со решение ќе му ја забрани работата во траење од 15 дена и пак ќе му нареди да ја исплати платата. Но, после овие мерки, останува глобата од 6.000 евра ако фирмата на вработените не им исплати минимална плата и придонеси, со тоа што се „попушта“ за одговорното лице, и тоа ќе добие 30 отсто од казната што инаку би ја добило, или наместо три до четири илјади евра, ќе добие 1.200 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik