Млади со средно школо најбарани кадри

Bez autora
Aug 04 2015

Околу 4.000 лица досега нашле работа со проектот „Македонија вработува“, кој стартуваше кон крајот на април годинава. Најголем дел од нив биле млади лица до 35-годишна возраст. Најмногу вработувања, според податоците на Агенцијата за вработување, АВРМ, се оствариле во мали и во средни бизниси. Приближно 2.600 фирми досега ги искористиле придобивките од овој проект, од кои 2.200 се мали фирми со помалку од 10 вработени. Според надлежните, тие на годишно ниво ќе имаат заштеда од 2.000 до 10.000 евра. Односно за едно работно место работодавците имаат заштеда до 30 отсто од сумата за просечната бруто-плата, во период од три до пет години, поради ослободувањата од плаќањето на придонеси кои ги презема државата. Досегашните анализи на Агенцијата покажуваат дека најбаран кадар со овој проект биле лица до 35 години. Притоа, во скопскиот и во полошкиот регион се реализирале најмногу вработувања или дека од 3.900 досега вработени, над 700 се од Скопје, а околу 600 од полошкиот регион.

Млади со средно школо најбарани кадриОколу 4.000 лица досега нашле работа со проектот „Македонија вработува“, кој стартуваше кон крајот на април годинава. Најголем дел од нив биле млади лица до 35-годишна возраст. Најмногу вработувања, според податоците на Агенцијата за вработување, АВРМ, се оствариле во мали и во средни бизниси.

Приближно 2.600 фирми досега ги искористиле придобивките од овој проект, од кои 2.200 се мали фирми со помалку од 10 вработени. Според надлежните, тие на годишно ниво ќе имаат заштеда од 2.000 до 10.000 евра. Односно за едно работно место работодавците имаат заштеда до 30 отсто од сумата за просечната бруто-плата, во период од три до пет години, поради ослободувањата од плаќањето на придонеси кои ги презема државата.

Досегашните анализи на Агенцијата покажуваат дека најбаран кадар со овој проект биле лица до 35 години. Притоа, во скопскиот и во полошкиот регион се реализирале најмногу вработувања или дека од 3.900 досега вработени, над 700 се од Скопје, а околу 600 од полошкиот регион. И во Тетово има забележителен број вработувања, 319, во Гостивар имало 268, во Кочани 257, во Струмица 254, а во Прилеп се вработени 232 лица.

Најмногу вработени се со завршено средно образование, дури 2.254, а 935 биле со основно и околу 600 со високо образование. Со проектот „Македонија вработува“ работа нашле и 50-ина магистри.

Според проекциите на Владата, со овој проект се планира вработување на околу 20.000 лица.

Инаку, и на веб-страницата на АВРМ во петокот попладнето беше објавено дека најголем дел од компаниите бараат лица со завршено средно образование. Односно, дека од 6.776 слободни места, на фирмите им требаат најмногу продавачи, 686, потоа хигиеничари, 525, работници во производство, 531 и општи работници 324. Тоа истовремено значи дека и бројот на слободните работни места за овие струки е најголем. Односно, во трговијата имало 2.077, во преработувачката индустрија 1.900, во градежништвото 700 и во туристичките објекти и ресторани 628 слободни места. Додека, не се регистрирани слободни места во државните органи.

Од вкупниот број слободни работни места, 6.776, најмногу или 3.589 се во Скопје. Втор град со најмногу работа е Битола, 440, а трет е Кавадарци со 396 слободни места. Во Свети Николе е регистрирано само едно, а во Крушево само две работни места.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik