„Квенбергер логистик“ ги проширува операциите во Македонија

Bez autora
Aug 04 2015

Од почетокот на минатиот месец најголемата логистичка компанија во државата „Квенбергер логистик“ ги презеде логистичките операции на „Македонски телеком“. Со тоа, според одговорните во „Квенбергер логистик“, во нашата држава се испишани нови страници во логистичка индустрија кај нас. Станува збор за новина која овозможува оптимализирање на оперативните трошоци, пред се', во однос на искористеноста на магацинскиот простор, но и на персоналот. По само нешто повеќе од еден месец од оперативното спроведување на договорот, може одговорно да кажеме дека овој потег донесе исклучително задоволство кај двете страни. Нашата компанија логистичкиот процес за потребите на Македонски телеком ги спроведува според највисоките логистички стандарди, а кај нашиот партнер не се чувствуваат никакви пречки во извршувањето на неговите оперативни активности кои сега се наша обврска, посочува Влатко Бежоски, менаџер за развој во „Квенбергер логистик“.

„Квенбергер логистик“ ги проширува операциите во МакедонијаОд почетокот на минатиот месец најголемата логистичка компанија во државата „Квенбергер логистик“ ги презеде логистичките операции на „Македонски телеком“. Со тоа, според одговорните во „Квенбергер логистик“, во нашата држава се испишани нови страници во логистичка индустрија кај нас.

„Станува збор за новина која овозможува оптимализирање на оперативните трошоци, пред се', во однос на искористеноста на магацинскиот простор, но и на персоналот. По само нешто повеќе од еден месец од оперативното спроведување на договорот, може одговорно да кажеме дека овој потег донесе исклучително задоволство кај двете страни. Нашата компанија логистичкиот процес за потребите на Македонски телеком ги спроведува според највисоките логистички стандарди, а кај нашиот партнер не се чувствуваат никакви пречки во извршувањето на неговите оперативни активности кои сега се наша обврска“, посочува Влатко Бежоски, менаџер за развој во „Квенбергер логистик“.

Македонски телеком е прва компанија во државата која одлучи логистичките операции, кои до пред еден месец сама ги извршуваше да ги преотстапи на некој што има светска легитимација на потврден логистички оператор.

„Не беше лесно да се дојде до одлука за преотстапување на логистичките операции, зашто „Македонски телеком“ е голема компанија со силно изградено реноме, а самиот процес во себе носеше низа скриени моменти тешко предвидливи за двете компании“, вели Бежоски.

„Квенбергер логистик Македонија“ има свои логистички капацитети во Штип, во скопската населба Инџиково, а при крај на изградба е новиот логистички центар во населбата Петровец во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Овој центар кого го гради штипска „Актива“ зафаќа површина од 24.000 метри квадратни, од кои 8.000 метри квадратни се затворен склад, 5.000 метри квадратни отворен склад и 1.200 метри квадратни деловен простор.

Според Бежоски, во логистиката не постојат стандардизирани типови на услуги, кои не може под исти услови да се спроведуваат за различните клиенти со кои секојдневно се соработува.

„Флексибилноста е многу важен елемент на кој мора секојдневно да се осврнуваме ако сакаме да одговориме на потребите на нашите клиенти. На клиентите како маркети „ДМ“, „Македонски телеком“ од малопродажната индустрија, „Маркварт“, „Актива аутомотив“ (Ван Хоол), Канда, Штајман, Ван Винкел и други од текстилната индустрија им даваме исти услуги, но нивното спроведување се одвива различно бидејќи едните се од малопродажната, другите од автомобилската, третите од текстилната индустрија и кај сите потребите се сосема различни. Причините се многубројни, од специфичните карактеристики на производот до специфичните услови на деловно работење и индустрија во која оперираат“, посочува Бежоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik