Данокот на добивка најдобар полнач на Буџетот

Bez autora
Aug 27 2015

Данокот на добивка и данокот на додадена вредност се најдобрите полначи на Буџетот, додека неданочните приходи донеле најниски приноси во државната каса. На расходната страна најслаба реализација има кај капиталните расходи. Ова го покажува најновиот извештај за полнењето и празнењето на Буџетот за првите седум месеци од годинава, кој го објави Министерството за финансии. Овие податоци се усогласени со ребалансот на буџетот кој неодамна беше изгласан од Собранието, односно во него се наведени новите проекции за приходите и расходите, кои се зголемени во однос на првично планираните суми. Ако се гледа приходната страна, може да се забележи дека даноците се прибирале добро, а особено е солиден данокот на добивка, додека значајно лоши резултати има кај неданочните приходи. Или, од даноци вкупно за седум месеци се прибрани 871 милион евра, односно 57,3 проценти од 1,52 милијарди евра колку што се очекуваат оваа година.

Данокот на добивка и данокот на додадена вредност се најдобрите полначи на Буџетот, додека неданочните приходи донеле најниски приноси во државната каса. На расходната страна најслаба реализација има кај капиталните расходи. Ова го покажува најновиот извештај за полнењето и празнењето на Буџетот за првите седум месеци од годинава, кој го објави Министерството за финансии. Овие податоци се усогласени со ребалансот на буџетот кој неодамна беше изгласан од Собранието, односно во него се наведени новите проекции за приходите и расходите, кои се зголемени во однос на првично планираните суми.

Ако се гледа приходната страна, може да се забележи дека даноците се прибирале добро, а особено е солиден данокот на добивка, додека значајно лоши резултати има кај неданочните приходи. Или, од даноци вкупно за седум месеци се прибрани 871 милион евра, односно 57,3 проценти од 1,52 милијарди евра колку што се очекуваат оваа година. Персоналецот е нешто послаб, со реализација за седум месеци од без малку 54 отсто, или околу 116 милиони евра. Традиционално најштедриот данок, данокот на додадена вредност, за седум месеци и' донел на државата приход од 397 милиони евра, или близу 55 отсто од вкупно планираниот. Акцизата оваа година носи добри пари, односно заклучно со јуни има остварување од 57,3 отсто од планот, или 178 милиони евра.

Но, ако за некој данок може да се каже дека годинава носи добри приливи, тоа е убедливо данокот на добивка. Или, за седум месеци од ова оданочување државата собрала 134 милиони евра, што е дури 80 отсто од вкупно планираната сума за цела година. Притоа треба да се има предвид дека кај данокот на добивка планираните приходи значајно се зголемија со ребалансот. Инаку, познато е дека од почетокот на годинава важи нов Закон за данокот на добивка, согласно со кој на добивката што компаниите не ја реинвестираат, треба да го плаќаат овој данок, кој изнесува 10 отсто. Но, овде треба да се напомни и дека најголемите остварувања овој данок ги имаше во март и во април годинава, додека веќе во последните три месеци, тој се спушта на пониски износи.

Придонесите во првите седум месеци имале солидно полнење, односно 57,3 отсто од планот со ребалансот, или донеле 443 милиони евра од вкупно очекуваните 767 милиони евра. Притоа, треба да се има предвид дека со ребалансот придонесите се намалија за околу 25 милиони евра.

Инаку, кога станува збор за придонесите треба да се напомни и дека почнувајќи од август државата веќе нема да наплатува придонеси на хонорарите, бидејќи го укина соодветниот закон.

Најголемо разочарување на приходната страна се неданочните приходи, кои за седум месеци донеле само околу 42 отсто од проектираната сума со ребалансот, или 111 милиони евра. Во делот на неданочните приходи, од казните досега се слеале 18 милиони евра, или точно половина од планираните околу 36 милиони евра. Како понатаму оваа ставка ќе го полни буџетот ќе се види во наредните месеци, бидејќи се намалуваат казните во речиси сите области, со усогласувањето на речиси сите закони со новиот закон за прекршоци.

На расходната страна, пак, паѓа во очи слабата реализација на капиталните расходи, кои, пак, Владата со ребалансот ги зголеми за 18 милиони евра. Од очекуваните зголемени расходи, или вкупно 361,5 милиони евра, досега се реализирани 143,5 милиони евра, или 40 проценти.

Трошоците за плати на администрацијата се остварени со околу 57 отсто, или 166 милиони евра од планираните 408 милиони со ребалансот. Инаку, со корекцијата се зголемија трошоците за плати за околу 10 милини евра, заради зголемените плати на полицијата, за околу 10 милиони евра, што стартуваше од април годинава.

Трошоците за стоки и услуги се остварени со околу 52 отсто, говорат податоците од извештајот на финансии.

Во периодот од јануари, заклучно со јули годинава, во националната каса биле собрани вкупни приходи од 1,506 милијарди евра, што е 55,5 отсто во однос на вкупно 2,713 милијарди евра колку што планира да инкасира државата годинава согласно ребалансираниот буџет. Додека, пак, вкупно за седум месеци државата потрошила1,686 милијарди евра, што е исто така 55,5 отсто од вкупно 3,040 милијарди евра, колку што со корекцијата на буџетот е проектирано да тежи расходната страна. Сличен процент, од 55,1 отсто реализација од вкупно предвидената сума е остварена и кај буџетскиот дефицит, кој за седум месеци достигнал 180,5 милиони евра, од планираните 327,5 милиони евра со ребалансот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik