Пад на индустриското производство од 2,7 отсто во јуни

Bez autora
Aug 28 2015

Индексот на индустриското производство во јули бележи намалување од 2,7 отсто на годишно објави во четвртокот Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули бележи пораст од 7,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2 отсто. Според главните индустриски групи, производството во јули бележи пораст кај Капитални производи за 28,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 6,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 отсто.

Индексот на индустриското производство во јули бележи намалување од 2,7 отсто на годишно објави во четвртокот Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули бележи пораст од 7,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јули бележи пораст кај Капитални производи за 28,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 6,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули бележи зголемување од 0,2 отсто во однос на истиот период лани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik