Груевски: Три милиони евра за проекти во Струмичко

Bez autora
Aug 31 2015

Околу три милиони евра средства од Програмата за рурален развој на Владата ќе бидат инвестирани за проекти во струмичкиот регион, најави премиерот Никола Груевски при посетата на струмичкиот регион. Од Програмата за рурален развој, 81 општина добија средства за проекти, а четири општини од струмичкиот регион овој пат добија околу три милиони евра директна поддршка од Владата. Тие средства ќе можат да ги вложат во проекти поврзани со водоводи, канализациски мрежи, патишта, паркови и слично, така што очекувам овие три милиони евра да ги искористат во текот на оваа и следната година. Општина Струмица доби средства за три проекти, практично за сите три проекти за коишто побара пари. Општина Василево побара средства за поголем број проекти и доби, а исто така и општина Босилово и општина Ново Село, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Околу три милиони евра средства од Програмата за рурален развој на Владата ќе бидат инвестирани за проекти во струмичкиот регион, најави премиерот Никола Груевски при посетата на струмичкиот регион.

„Од Програмата за рурален развој, 81 општина добија средства за проекти, а четири општини од струмичкиот регион овој пат добија околу три милиони евра директна поддршка од Владата. Тие средства ќе можат да ги вложат во проекти поврзани со водоводи, канализациски мрежи, патишта, паркови и слично, така што очекувам овие три милиони евра да ги искористат во текот на оваа и следната година. Општина Струмица доби средства за три проекти, практично за сите три проекти за коишто побара пари. Општина Василево побара средства за поголем број проекти и доби, а исто така и општина Босилово и општина Ново Село“, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потсети дека Владата и во минатото му има помогнато на овој регион каде што само за изградба на водоводи и канализациски мрежи се инвестирани околу два милиони евра. „Ќе продолжиме со поддршка за струмичкиот регион и во иднина. Ние не гледаме кој е на власт во општината, туку да им помогнеме на граѓаните. Наша цел е поквалитетен живот и подобри услови за граѓаните“, изјави Груевски.

Тој нагласи дека со владина поддршка за набавка на нова и модерна земјоделска механизација земјоделците од сите региони од државата извршија замена на старата механизација со нова и многу пофункционална механизација. Изминатиов период Владата за оваа намена им финансираше за земјоделците околу 10 милиони евра, со кои по принципот 50-50 беа набавени 7.800 парчиња земјоделска механизација, од кои 1.570 трактори и 6.230 парчиња приклучна механизација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik