Во првото полугодие инвестициите тежат 121 милион евра

Bez autora
Sep 01 2015

Во првите шест месеци од 2015 година во земјава биле вложени 121,4 милиони евра странски капитал, покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија. Тоа е намалување за околу 25 милиони евра, односно за 17,2 отсто во однос на првото полугодие лани, кога во земјава биле вложени 146,5 милиони евра. Само во јуни во Македонија влегле 21 милион евра, странски директни инвестиции, но тие сепак не се доволни за значајно да се поправи инвестициската слика во земјава во првото полугодие од годинава. Во периодот од јануари заклучно со јуни, од вкупно привлечени 121 милиони евра инвестиции, околу 58 милиони евра се сопственички капитал и реинвестирање на добивката, што е всушност чисто класично инвестирање, додека, пак, 63 милиони евра отпаѓаат на должнички инструменти, какви што се позајмиците што меѓу себе си ги одобруваат, но и повлекуваат компаниите-мајки во странство и ќерките што работат на територијата на земјава.

Во првите шест месеци од 2015 година во земјава биле вложени 121,4 милиони евра странски капитал, покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија. Тоа е намалување за околу 25 милиони евра, односно за 17,2 отсто во однос на првото полугодие лани, кога во земјава биле вложени 146,5 милиони евра.

Само во јуни во Македонија влегле 21 милион евра, странски директни инвестиции, но тие сепак не се доволни за значајно да се поправи инвестициската слика во земјава во првото полугодие од годинава.

Во периодот од јануари заклучно со јуни, од вкупно привлечени 121 милиони евра инвестиции, околу 58 милиони евра се сопственички капитал и реинвестирање на добивката, што е всушност чисто класично инвестирање, додека, пак, 63 милиони евра отпаѓаат на должнички инструменти, какви што се позајмиците што меѓу себе си ги одобруваат, но и повлекуваат компаниите-мајки во странство и ќерките што работат на територијата на земјава.

Инаку, оваа година стартуваше солидно, со вложени 35 милиони евра во јануари, по што следуваше далеку послаб резултат во февруари 13 милиони евра. Март донесе инвестиции од 20 милиони евра, а април е засега најдобар, со 37 милиони евра. Мај беше најголемо разочарување, бидејќи во тој месец странците не само што не вложија, туку и повлекоа 5 милиони евра. Јуни, со 21 милиони евра, малку ја поправа инвестициската слика.

Странските инвестиции во Македонија се пониски од вложувањата во другите држави. Лани во земјава тие на годишно ниво достигнаа 262 милиони евра, а во 2013 беа 252 милиони евра. Инвестициите во 2012 година беа уште пониски, 111 милиони евра, а нешто подобар инвестициски скор имавме во 2011 година, со сума од 344 милиони евра.

За време на посетата на струмичкиот регион во текот на викендов, премиерот Никола Груевски најави дека американска компанија за производство на автомобилски делови ќе инвестира во индустриската зона во Струмица. Компанијата донела интерна одлука за инвестиција, а преговорите со Владата се во финална фаза. Според Груевски, компанијата ќе инвестира 20 милиони евра и се очекува да вработи околу 1.500 лица.

Неодамна, пак, во Штип беше свечено отворена нова фабрика, на германската компанија „Техникал текстајл“, која ќе произведува градежни материјали, бродски, авионски, како и делови за ветерници. Инвестицијата чини околу 15 милиони евра, на почеток ќе обезбеди вработувања за 200, а според Владата, се очекува потоа бројот на вработени да достигне до 1.000.

Странските инвестиции се постојано предмет на жестоки дебати. Додека Владата и премиерот Никола Груевски упорно ги пласираат како еден од своите главни адути, опозицијата и критичарите постојано го поставуваат прашањето околу субвенциите што државата им ги дава на инвеститорите, за кои нема информации колку изнесуваат.

Груевски деновиве излезе со став дека е погрешна тезата оти Владата повеќе им помага на странските инвеститори отколку на домашните. „Сите закони што ги носи Владата важат подеднакво и за странските и за домашните инвеститори“, рече Груевски. Тој нагласи дека ако на Владата и' се обрати некој домашен инвеститор и сака да отвори фабрика, на пример со илјада вработувања, и побара помош, таа секако дека ќе му излезела во пресрет. „Камо среќа да има пет-шест или повеќе домашни инвеститори кои ќе дојдат со проект и со заокружена финансиска конструкција и ќе побараат поддршка за отворање нови фабрики што ќе отворат нови 5-6 илјади работни места. Сигурно ќе ги поддржиме“, рече премиерот.

За странските инвеститори има информации дека даваат ниски плати1, кои главно се движат околу законскиот минимум. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, неодамна рече дека државата со странските инвеститори не може да преговара за платите на вработените, и покрај тоа што тие добиваат низа придобивки и олеснувања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik