Кредитите трипати поскапи од штедењето

Bez autora
Sep 02 2015

Кредитите во земјава остануваат со исти камати, но затоа продолжуваат да се намалуваат каматните стапки на граѓанските заштеди. Ова го покажуваат најновите податоци кои ги објави Народна банка на Македонија, кои говорат и дека позначајно е паѓањето на каматите кај денарските кредити и депозити, додека помалку се намалуваат каматите на девизните заеми и влогови. Просечната камата во земјава за секој оној што зел кредит во јули годинава изнесувала 6,8 отсто, што е исто ниво како и претходниот месец, а намалување за 0,3 процентни поени во однос на почетокот на годинава, односно јануари. Ова покажува дека веќе почнува да стагнира трендот на намалување на каматните стапки на кредитите, кој постои веќе неколку години наназад.

Кредитите во земјава остануваат со исти камати, но затоа продолжуваат да се намалуваат каматните стапки на граѓанските заштеди. Ова го покажуваат најновите податоци кои ги објави Народна банка на Македонија, кои говорат и дека позначајно е паѓањето на каматите кај денарските кредити и депозити, додека помалку се намалуваат каматите на девизните заеми и влогови.

Просечната камата во земјава за секој оној што зел кредит во јули годинава изнесувала 6,8 отсто, што е исто ниво како и претходниот месец, а намалување за 0,3 процентни поени во однос на почетокот на годинава, односно јануари. Ова покажува дека веќе почнува да стагнира трендот на намалување на каматните стапки на кредитите, кој постои веќе неколку години наназад. Во многу прилики претставниците на централната банка, како и на банкарскиот сектор во земјава, коментираат дека во земјава во моментов има историски најниски камати. Но, прашање е колку ќе трае тој процес, а во некои од новосклучените договори за кредитирање, веќе се забележува и зголемување на каматните стапки.

Кај депозитите, пак, просечната каматна стапка е многу пониска и кај нив има намалување во споредба со претходниот месец. Односно, во јули просечната стапка на влоговите изнесувала 2,1 отсто, што е за повеќе од три пати пониска камата од онаа што банките ни ја наплаќаат кога кај нив се задолжуваме. Во јуни оваа камата изнесувала 2,2 проценти, а во јануари 2,5 отсто.

Инаку, кога станува збор за задолжувањето во банка на граѓаните, ако тие одлучат да земат станбен кредит, најниски се каматните стапки кај денарските кредити со валутна клаузула.

Односно, за станбен денарски кредит со валутна клаузула во јули каматната стапка изнесувала 5,3 отсто, нешто помалку од јуни кога таа била на ниво од 5,4 проценти, а намалувањето е значајно во однос на јануари, кога оваа камата била 5,9 отсто.

Станбените кредити изразени во евра, пак, на крајот од јули имале каматна стапка од 5,6 отсто, што е значајно намалување во однос на 6,4 проценти колку што требало да плати каматна стапка некој што за стан се задолжил во јануари годинава.

Но, затоа се најскапи станбените денарски кредити без валутна клаузула, или 8,1 отсто на крајот од јули годинава, иако и таму има намалување во однос на јануари.

Потрошувачките кредити се значајно поскапи од станбените и кај нив во јули каматната стапка се движела од 6,7 отсто кај девизните кредити, па до 8,1 проценти кај денарските кредити со валутна клаузула.

Но, убедливо е најнеисплатливо задолжувањето со кредити за други намени, каде што каматните стапки достигнуваат и до 9,8 проценти.

Кога станува збор за депозитите, пак, продолжуваат да се намалуваат каматните стапки кај денарските депозити без валутна клаузула и тие во јули изнесувале 2,9 отсто. Единствено е исплатливо да се штеди во денари на подолги рокови, над две години, каде што каматните стапки се 4 отсто.

Пораст има кај каматите на денарските депозити со валутна клаузула. Додека, пак, кај девизните депозити каматата за штедење е исклучително ниска и неатрактивна и на крајот на седмиот месец изнесувала само 1,3 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik