Државна помош за самовработување на лица со инвалидност

Bez autora
Sep 03 2015

Секое лице со инвалидност има свои способности и знаења. Наша задача и цел како институции е да им помогнеме да ги реализираат и да ги искористат можностите што ги нуди државата за таа цел. Токму во таа насока е и овој нов проект на Владата на РМ „Грант за самовработување на лица со инвалидност“ изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред одржувањето на трибината за самовработување со грант за инвалиди. Појасни дека станува збор за можност за основање сопствен бизнис, целосна поддршка при отворањето на сопствениот бизнис, за изработка на бизнис идејата, менторство, набавка на опрема и материјали, се, како што истакна, во висина од околу 5.000 евра, односно 310.000 денари во форма на грант неповратни средства. Дополнително за секое ново вработување до две отворени работни места може да се добие по 92.000 денари, односно по 1.500 евра.

Секое лице со инвалидност има свои способности и знаења. Наша задача и цел како институции е да им помогнеме да ги реализираат и да ги искористат можностите што ги нуди државата за таа цел.  Токму во таа насока е и овој нов проект на Владата на РМ „Грант за самовработување на лица со инвалидност“ изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред одржувањето на трибината за самовработување со грант за инвалиди.

Појасни дека станува збор за можност за основање сопствен бизнис, целосна поддршка при отворањето на сопствениот бизнис, за изработка на бизнис идејата, менторство, набавка на опрема и материјали, се, како што истакна, во висина од околу 5.000 евра, односно 310.000 денари во форма на грант неповратни средства.

Дополнително за секое ново вработување до две отворени работни места може да се добие по 92.000 денари, односно по 1.500 евра. Целосниот износ којшто може да го реализира едно лице со инвалидност доколку отвори сопствен бизнис и доколку вработи две лица би изнесувал до околу 500.000 денари.

- Со овој проект им помагаме на лицата со инвалидност да ја реализираат својата замисла, им помагаме да основаат сопствен бизнис. И во иднина ќе продолжиме со низа активности за поддршка на овие лица бидејќи нашата заложба е континуирано да реализираме нови проекти, да ги надградуваме постоечките со кои ќе решаваме дел од прашањата кои ги интересираат и се битни за овие граѓани, рече министерот Спасов.

Додаде дека за реализација на овој проект ќе бидат издвоени околу 59 милиони денари.

Директорката на Подрачната единица на Агенцијата за вработување на Република Македонија во Скопје Слободанка Алексовска иистакна дека воведувањето на оваа мерка е дел од континуираната грижа за лицата со инвалидитет.

Информира дека досега интерес за оваа мерка пројавиле 120 лица, од кои 80 веќе пополниле прашалник-апликација за учество во мерката, со која, мкако што рече, покажуваат дека навистина се подготвени и способни да водат бизнис, сакаат да започнат бизнис и да се самовработат.

- Би сакала да ги охрабрам овие лица кои сметаат дека можат на каков било начин сами да се вработат или да отворат сопствен бизнис да дојдат во АВРМ да пополнат апликација. Вработените од Агенцијата ќе им објаснат што значи мерката, колку средства ќе добијат, ќе им помогнат во процесот на регистрација на фирмата и воопшто на патот кој ќе го поминат до основање на самиот бизнис, рече таа.

Задоволство од почетокот на имплементацијата на овој проект изразија претседателите на националните сојузи на инвалиди кои сметаат дека тој е одлична можност за вработување на овие лица.

Претседателот  на Националниот сојуз на слепи Жарко Селковски смета дека овој проект ќе им овозможи на сите лица со инвалидност кои се образуваат да се вработат, бидејќи, како што рече, вработувањето е една од најважните работи во нивниот живот.

Грантот за самовработување кој веќе почна да се спроведува и за кој веќе има огласи според претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Бранимир Јовановски е уште една можност за намалување на невработеноста на овие лица. Додаде дека и натмау треба да се работи на изнаоѓање форми како да се подобри нивната конкурентност на пазарот на труд.

Поддршка за овој проект даде и претседателот на Националниот сојуз на глуви лица Васко Марков кој истакна дека тој е моѓне интересен и ќе им даде можност за вработување на лицата кои имале бизнис идеи, а кои досега не можеле нив да ги реализираат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik