Американски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

Bez autora
Oct 01 2015

Најниските трошоци за компаниите за водење бизнис во Европа, претставени преку ниските и рамни даноци и погодностите во технолошко – индустриските развојни зони и континуираната заложба на Владата за дијалог со бизнис заедницата, беа дел од поентите што ги истакна премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Њу Џерси, на кој присуствуваа поголем број бизнисмени од компании од поголем број сектори. Ние сме многу фокусирани на подобрување на бизнис климата. Всушност, тоа е нашата главна преокупација во последните седум/осум години на која работиме на повеќе начини, и тоа за сите инвеститори во земјата, домашни или странски. Како резултат на многу чекори коишто ги направи Владата, бизнис климата сериозно се подобри, што се рефлектираше во повеќе извештаи на меѓународни финансиски организации, рече Груевски во своето обраќање пред присутните.

Најниските трошоци за компаниите за водење бизнис во Европа, претставени преку ниските и рамни даноци и погодностите во технолошко – индустриските развојни зони и континуираната заложба на Владата за дијалог со бизнис заедницата, беа дел од поентите што ги истакна премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Њу Џерси, на кој присуствуваа поголем број бизнисмени од компании од поголем број сектори.

„Ние сме многу фокусирани на подобрување на бизнис климата. Всушност, тоа е нашата главна преокупација во последните седум/осум години на која работиме на повеќе начини, и тоа за сите инвеститори во земјата, домашни или странски. Како резултат на многу чекори коишто ги направи Владата, бизнис климата сериозно се подобри, што се рефлектираше во повеќе извештаи на меѓународни финансиски организации“, рече Груевски во своето обраќање пред присутните.

Ги претстави позитивните макроекономски индикатори, како што се растот на бруто домашниот производ (БДП) и извозот од зоните, ниското и умерено ниво на надворешен државен долг и стабилната стапка на инфлација. Во неговото обраќање се осврна и на владините проекти за намалување на административните бариери, и обезбедувањето на поголем пазар за производителите преку потпишаните договори за слободна трговија на Македонија со сите земји од континентот Европа.

Премиерот се осврна и на проектите во образованието чијашто цел е градење конкурентна и талентирана работна сила, како еден од аргументите за привлекување на странски инвеститори и во функција на обезбедување на вработување и професионален развој и надградба на македонските работници.

Присутните бизнисмени дадоа позитивна оценка за бизнис климата во Македонија, со особен акцент на даночната политика која обезбедува поволност за бизнис секторот.

„Во прв ред, сакам да кажам дека вашите даноци се соодветни и за граѓаните и за компаниите, целиот ваш даночен систем е добро осмислен и обезбедува долгорочност, со други зборови стабилност, и земјата нема потреба да се грижи за зголемување на даноците, а компаниите не треба да прават промена на нивните инвестициски планови. Слободно можам да кажам дека за некои нешта можеме да учиме од вас“, изјави Џон Кулбертсон, од енергетската компанија Кулбертсон.

Дел од компаниите истакнаа дека како резултат на работа на тимот за привлекување на инвестиции на Владата, промоторите во САД, и денешната презентација,  тие добро ги имаат проучено поволностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, и потенцираа дека кај нив постои сериозен интерес за разгледување на Македонија како опција за инвестиции и проширување на нивниот бизнис.

Хари Чо, сопственик на компанијата AFM и претседавач со Американско-индонезискиот бизнис совет, кој се занимава со производство на мебел за луксузни клиенти и на светлечки уреди, истакна дека поволностите кои ги нуди нашата земја се поволни и дека има намера да оствари посета на Македонија како дел од неговата финална анализа за потенцијални инвестиции.

„Мислам дека македонската Влада е од голема помош за бизнисот во насока на поддршка на инвеститорите. Јас се занимавам со производство на мебел за луксузни хотели и сакам да работам со домашните производители и затоа прво планирам да ја посетам Македонија, да се сретнам со луѓето таму и да видам со што се занимаваат“, изјави Хари Чо.

Едвард Мајлс од компанијата за медицински услуги Биосити, истакна дека поволностите кои се овозможуваат за странските инвеститори се позитивни и дека неговата компанија ја разгледува нашата земја како сериозна потенцијална дестинација за отворање капацитети од нивната дејност.

„Моите партнери веќе ја посетија Македонија со цел да направат евалуација на можностите за отворање на центар за трансплантација и медицински центар. Работите кои не заинтересираа се едуцираната работна сила и ниските даноци“, изјави Едвард Мајлс.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik