Странците вложиле 125 милиони евра

Bez autora
Oct 01 2015

Во јули годинава во земјава влегле 19,68 милиони евра странски директни инвестиции, СДИ, што е за околу 2 милиона евра повеќе од претходниот месец кога инвестициите изнесувале 17,53 милиони евра. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во седумте месеци од оваа 2015 година дошле вкупно 124,99 милиони евра СДИ, што е за 18,65 милиони евра повеќе отколку истиот период лани. Притоа, најмногу инвестиции имало во јануари и во април, 32,36, односно 34,16 милиони евра. Додека најслаби инвеститорски месеци биле февруари, со 11,26 милиони евра, и мај кога не е регистриран никаков прилив туку имало одлив на инвестиции од 7,42 милиони евра. Неизвесно е дали оваа година ќе заврши со приближно иста или со поголема висина на инвестиции од лани кога НБМ регистрираше 205,14 милиони евра вкупни СДИ. Ако продолжи досегашното инвестициско темпо, нема многу место за оптимизам дека 2015 ќе заврши со повеќе инвестиции од лани.

Во јули годинава во земјава влегле 19,68 милиони евра странски директни инвестиции, СДИ, што е за околу 2 милиона евра повеќе од претходниот месец кога инвестициите изнесувале 17,53 милиони евра.

Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во седумте месеци од оваа 2015 година дошле вкупно 124,99 милиони евра СДИ, што е за 18,65 милиони евра повеќе отколку истиот период лани. Притоа, најмногу инвестиции имало во јануари и во април, 32,36, односно 34,16 милиони евра. Додека најслаби инвеститорски месеци биле февруари, со 11,26 милиони евра, и мај кога не е регистриран никаков прилив туку имало одлив на инвестиции од 7,42 милиони евра.

Неизвесно е дали оваа година ќе заврши со приближно иста или со поголема висина на инвестиции од лани кога НБМ регистрираше 205,14 милиони евра вкупни СДИ. Ако продолжи досегашното инвестициско темпо, нема многу место за оптимизам дека 2015 ќе заврши со повеќе инвестиции од лани.

Инаку, на почетокот на годинава Владата најави дека оваа година ќе има над 25 нови инвестиции од странство со кои ќе се вработат повеќе од 13.000 лица. Особено во изминатите месец-два речиси секојдневно се посочуваат нови странски компании кои почнале или имаат намера да започнат инвестиција во земјава во скоро време. Па, меѓу другото, во Струмица се најави влез на американска компанија за производство на автомобилски делови која ќе инвестирала околу 20 милиони евра, во Штип беше отворена нова фабрика на германската „Техникал текстајл“, инвестицијата од околу 15 милиони евра, неодамна се објави почетокот на работата на ОДВ „Електрик“ во Струшко, се најави нова инвестиција на американска компанија во зоната во Тетово, во зоната во Прилеп...

Поволните услови за инвестирање во економските зони, кои се промовираат при секое владино роуд-шоу, како и на последното во САД, ќе станат уште подобри за привлекување на странски компании.

Во собраниска процедура е и предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони и на Законот за индустриски-зелени зони, и двата по скратена постапка. Со нив се прави разграничување на овластувањата во зоните каде што е основач владата и кај оние кои се дадени на менаџирање со договор за јавно-приватно партнерство. Со измените треба да им се помогне на идните концесионери во ТИРЗ подобро да функционираат затоа што ќе се поедностави и детализира процедурата за издавање на одобренија за градење, за употреба на објектите и друго.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik