„Амфенол“ ќе го шири бизнисот во Македонија

Bez autora
Oct 04 2015

Американските бизнисмени се задоволни од поволностите што им ги нуди Македонија на странските инвеститори, а некои од нив се заинтересирани да ја посетат државата и да ги разгледаат можностите за проширување на бизнисот. Зак Рајли, потпретседател на компанијата „Амфенол“, на бизнис-форумот во Хартфорд ги истакна отвореноста и поддршката на Владата за бизнис-секторот и најави дека неговата компанија планира проширување на веќе постојните капацитети во Македонија. Имаме капацитети во Македонија кои се во рамки на повеќе деловни единици. Планираме значително да се прошириме во следните 12 до 18 месеци, за што Владата доста ни помага во делот на обезбедувањето дозволи и пристап, со цел да ги изградиме фабриките побрзо и да одговориме на големите барања за дуплирање и триплирање на капацитетите и да одговориме на барањата на клиентите, нагласи Рајли.

Американските бизнисмени се задоволни од поволностите што им ги нуди Македонија на странските инвеститори, а некои од нив се заинтересирани да ја посетат државата и да ги разгледаат можностите за проширување на бизнисот. Зак Рајли, потпретседател на компанијата „Амфенол“, на бизнис-форумот во Хартфорд ги истакна отвореноста и поддршката на Владата за бизнис-секторот и најави дека неговата компанија планира проширување на веќе постојните капацитети во Македонија.

„Имаме капацитети во Македонија кои се во рамки на повеќе деловни единици. Планираме значително да се прошириме во следните 12 до 18 месеци, за што Владата доста ни помага во делот на обезбедувањето дозволи и пристап, со цел да ги изградиме фабриките побрзо и да одговориме на големите барања за дуплирање и триплирање на капацитетите и да одговориме на барањата на клиентите“, нагласи Рајли.

Бизнисмените истакнале дека сериозно ќе ја земат предвид државата како потенцијална дестинација за проширување на нивните бизниси, за што во следниот период ќе пристапат кон подлабоки истражувања.

„Имаме бизнис за развој на медицинска технологија со производство во Европа и во Америка кое го дистрибуираме во повеќе од 70 земји во светот. Ќе го истражуваме пазарот во Македонија, како опција и можност за главно седиште и локација за бизнис-активности на европскиот пазар“, изјави Ентони Вискоглиози, директор на компанијата „Вискоглиози“.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање се осврна на позитивните макроекономски индикатори за реализација на долгорочните планови за раст на бизнисите. Тој ги спомена и погодностите во технолошко-индустриските развојни зони и најниските трошоци во Европа за водење бизнис.

Бизнис-форумот во Хартфорд, во сојузната држава Конектикат, се одржува во рамки на посетата на владиниот тим и на премиерот Никола Груевски на Соединетите Американски Држави.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik