Дефицитот намален за 360 млн долари, но намалена и трговската размена

Bez autora
Oct 05 2015

Трговскиот дефицит на Република Македонија во првите осум месеци од годината е намален за околу 360 милини долари во однос на истиот период лани, но забележително намалување има и кај обемот на трговската размена. Вкупниот обем на трговската размена во наведениот период бележи намалување за точна една милијарда долари, при што извозот е намален за 318 милиони долари, а увозот бележи пад за 678 милиони долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија изнесува 160 милијарди денари, изразена во долари 2,8 милијарди, односно 2, 5 милијарди евра. Вкупната вредност на увозот изнесува 228 милијарди денари, изразена во долари 4,1 милијарди, односно 3,7 милијарди евра.

Трговскиот дефицит на Република Македонија во првите осум месеци од годината е намален за околу 360 милини долари во однос на истиот период лани, но забележително намалување има и кај обемот на трговската размена.

Вкупниот обем на трговската размена во наведениот период бележи намалување за точна една милијарда долари, при што извозот е намален за 318 милиони долари, а увозот бележи пад за 678 милиони долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија  изнесува 160 милијарди денари, изразена во долари 2,8 милијарди, односно 2, 5 милијарди евра.

Вкупната вредност на увозот изнесува 228 милијарди денари, изразена во долари 4,1 милијарди, односно 3,7 милијарди евра.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2015 година, изнесува 68 милијарди денари, изразен во долари 1,2 милијарди долари, односно 1,1 милијарди евра.

Покриеноста на увозот со извоз е зголемена на 70 проценти, а лани во истиот период била 66,7 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik