За осум месеци сме увезле храна за 350 милиони евра

Bez autora
Oct 06 2015

Од јануари до крајот на август, годинава, вкупниот обем на трговската размена со странство изнесува 6,3 милијарди евра и таа е зголемена за 6,9 отсто во споредба со истиот период лани. Притоа, според последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, трговскиот дефицит е 1,1 милијарда евра и тој е за 482 милиона евра повисок во споредба со периодот јануари-август минатата година, при што покриеноста на увозот со извоз е 70 проценти. Вредноста на извозот од Македонија изнесува 2,6 милијарди евра, а на увозот, 3,7 милијарди евра, при што над 1 милијарда од извозот е реализиран само во Германија. Додека од ова земја сме увезле стоки во вредност од 390 милиони евра. И покрај тоа што Македонија се нарекува земјоделска држава, тоа се' уште не го покажуваат статистичките податоци. Според Државниот завод за статистика, на увоз на храна и живи животни за осум месеци сме потрошиле скоро 350 милиони евра, а вредноста на нашиот извоз изнесува само 177 милиони евра. Или увозот на храна и живи животни е двојно поголем од извозот.

Од јануари до крајот на август, годинава, вкупниот обем на трговската размена со странство изнесува 6,3 милијарди евра и таа е зголемена за 6,9 отсто во споредба со истиот период лани. Притоа, според последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, трговскиот дефицит е 1,1 милијарда евра и тој е за 482 милиона евра повисок во споредба со периодот јануари-август минатата година, при што покриеноста на увозот со извоз е 70 проценти.

Вредноста на извозот од Македонија изнесува 2,6 милијарди евра, а на увозот, 3,7 милијарди евра, при што над 1 милијарда од извозот е реализиран само во Германија. Додека од ова земја сме увезле стоки во вредност од 390 милиони евра.

И покрај тоа што Македонија се нарекува земјоделска држава, тоа се' уште не го покажуваат статистичките податоци. Според Државниот завод за статистика, на увоз на храна и живи животни за осум месеци сме потрошиле скоро 350 милиони евра, а вредноста на нашиот извоз изнесува само 177 милиони евра. Или увозот на храна и живи животни е двојно поголем од извозот.

Сепак, најголема ставка на увезени стоки има во графата кај машини и транспортни уреди вредни 719 милиони евра, а на увозот на хемиски производи отпаѓаат 453 милиони евра.

Во вкупниот обем на размената голема удел имаат и лон-доработките, на извозот на лон отпаѓаат дури 685 милиони евра, а увозот на лон-производи опфаќа 455 милиони евра. За осум месеци од годинава обемот на лонот во вкупната трговска размена е за 11,7 отсто зголемен во споредба со истиот период лани.

Од соседството, земја со која имаме најголем трговски суфицит е Косово. Во осумте месеци од годинава, Македонија во Косово извезла стоки од 102 милиона евра, а сме увезле производи во вредност од 15 милиони евра. Додека во Словенија сме извезле стоки вредни само 28 милиони евра, додека увезле производи од 66 милион евра.

Ако се гледа вкупниот обем на размена, како и во претходните месеци, најголемо учество во извозот зафаќаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, потоа фероникелот, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови и производи од железо и челик. Тоа во најголем дел се производи од компаниите „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“. Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, како и електричната енергија и другите метали од платинска група и нивни легури.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik