Македонските банки би можеле да работат и поефикасно

Bez autora
Nov 23 2015

Дури 16 отсто од трошоците што ги прават македонските банки при своето работење се последица на нивната неефикасност. Тоа значи дека дури околу една шестина од ресурсите на банките се изгубени во процесот на давање на банкарските услуги. Ова е клучната поента од најновото истражување што го направиле група автори од Народна банка на Македонија, Михајло Васков, Петар Дебников, Неда Поповска-Камнар и Катерина Сулева, пренесено во публикација објавена на веб-страницата на централната банка. Во овој материјал, како што навеле истражувачите, се определува нивото на (не)ефикасност на македонските банки, преку испитување на 18 банки, за периодот од 2004 до 2012 година. Во анализираниот период, просечното ниво на оценета трошочна ефикасност на банките изнесува околу 84 отсто. Тоа значи дека тие во тој период можеле да го создадат истото ниво со само 84 отсто од направените трошоци за тој период. Односно, 16 отсто од трошоците се последица на неефикасност, се вели во истражувањето.

Дури 16 отсто од трошоците што ги прават македонските банки при своето работење се последица на нивната неефикасност. Тоа значи дека дури околу една шестина од ресурсите на банките се изгубени во процесот на давање на банкарските услуги. Ова е клучната поента од најновото истражување што го направиле група автори од Народна банка на Македонија, Михајло Васков, Петар Дебников, Неда Поповска-Камнар и Катерина Сулева, пренесено во публикација објавена на веб-страницата на централната банка.

Во овој материјал, како што навеле истражувачите, се определува нивото на (не)ефикасност на македонските банки, преку испитување на 18 банки, за периодот од 2004 до 2012 година.

„Во анализираниот период, просечното ниво на оценета трошочна ефикасност на банките изнесува околу 84 отсто. Тоа значи дека тие во тој период можеле да го создадат истото ниво со само 84 отсто од направените трошоци за тој период. Односно, 16 отсто од трошоците се последица на неефикасност“, се вели во истражувањето.

Во него се користеле различни фактори, врз кои менаџментот имал непосредно или посредно, целосно или делумно влијание. Такви се структурните карактеристики на нашиот банкарски систем, изложеноста на банките на кредитниот ризик, нивната профитабилност, показател за изворите на финансирање на нивната кредитна активност, постојната големина на банките, како и структура на нивните средства и обврски.

Странските газди кои купија дел од нашите банки не ја зголемиле веднаш нивната ефикасност. „Во анализираниот период од 2004 до 2012 година, продажбата на домашните банки на странски сопственици, само по себе, не беше гаранција за брзо унапредување на нивната трошочна ефикасност. Нивото на ефикасноста повеќе беше под влијание на претходно изградената пазарна позиција и востановената практика на работење, како и на правилата на игра“, се вели во анализата. Односно, како што се објаснува, банките во Македонија со веќе изградена силна пазарна позиција и' посветуваат помало внимание на трошочната ефикасност. Ова е од причина што стекнатите повисоки пазарни удели им гарантираат и доволно високи износи на приходи и профити, кои може нагорно да се „коригираат“ од страна на менаџментот во речиси секое време, поради можноста за приспособување на висината на приносот и каматните маргини.

Во публикацијата се наведува и дека банките, под притисок на зголемена конкуренција, се наклонети да ги рационализираат трошоците, заради одржување на пазарните позиции. Тоа, пак, од своја страна, им гарантира остварување доволно високи приходи и добивки.

„Тековната пазарна контрола врз банките кои котираат на официјалниот пазар на Македонската берза очигледно не е доволен стимул за унапредување на сопствената трошочна ефикасност, што е очекуван резултат, имајќи ги предвид нискиот степен на развиеност и меѓународна интегрираност на домашните финансиски пазари“, е еден од заклучоците.

Високиот степен на евроизација на македонската економија и високото учество на валутната компонента имаат негативен одраз врз трошочната ефикасност на македонските банки.

Поголемото потпирање на банките на депозитите од домаќинства и

депозитите по видување во финансирањето на активностите ја зголемува нивната трошочна неефикасност.

„Конечно, менаџментот на банките треба да внимава и на управувањето со ризиците, особено со кредитниот и да избегнува кредитен ’бум‘ што не е финансиран со соодветно зајакнување и на депозитниот потенцијал на банките“, се вели во истражувањето.

Инаку, еден од предусловите за макроекономска стабилност и одржлив економски раст на една земја е функционирањето на стабилен банкарски систем, што, пак, подразбира и задоволително ниво на неговата ефикасност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik