Фабриката за кроасани „Grand Foods Corporation“ почнува со работа

Bez autora
Nov 24 2015

Свеченост по повод изградбата и почетокот на редовно производство на фабриката за кроасани „Grand Foods Corporation“, ќе се одржи во среда во индустриската зона во Марино, општината Илинден. Производствениот комплекс опфаќа 6.000 квадратни метри работна површина. Инсталирани се машини, опрема и технологија од најнова генерација произведени во Германија, Италија, Австрија и Швајцарија. Целокупниот процес на производство е автоматизиран. Според инсталираните капацитети на почетната линија за производство, „Grand Foods Corporation“ е најголема фабрика за производство на кроасани на Балканот и поширокиот регион на Југоисточна Европа. „Grand Foods Corporation“ е приватна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра. Инвеститор е компанијата „Гранд – експорт“ од Скопје. Оваа компанија со години има лидерска позиција и важи за најсигурна, ефикасна и ефективна продажно – дистрибутивна мрежа со прехранбени производи на македонскиот пазар.

Свеченост по повод изградбата и почетокот на редовно производство на фабриката за кроасани „Grand Foods Corporation“, ќе се одржи во среда во индустриската зона во Марино, општината Илинден.

Производствениот комплекс опфаќа 6.000 квадратни метри работна површина. Инсталирани се машини, опрема и технологија од најнова генерација произведени во Германија, Италија, Австрија и Швајцарија. Целокупниот процес на производство е автоматизиран.

Според инсталираните капацитети на почетната линија за производство, „Grand Foods Corporation“ е најголема фабрика за производство на кроасани на Балканот и поширокиот регион на Југоисточна Европа.

„Grand Foods Corporation“ е приватна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра. Инвеститор е компанијата „Гранд – експорт“ од Скопје. Оваа компанија со години има лидерска позиција и важи за најсигурна, ефикасна и ефективна продажно – дистрибутивна мрежа со прехранбени производи на македонскиот пазар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik