Банките ги искористиле лимитите за кредитирање на државата

Bez autora
Nov 29 2015

Доколку планираните аукции на државни хартии од вредност во вторник се одржат, според извори на „Утрински“, во нив тешко дека би вложувале поголемите банки во земјава што имаат странски сопственици. Ова е од причина што тие за оваа година веќе ги достигнале дозволените лимити што им ги одредуваат нивните мајки, за изложеност на соодветната банка кон државата. Затоа се смета дека во вторник во државните хартии од вредност ќе вложуваат пензиските фондови и осигурителните куќи. Инаку, државата во вторник идната недела ќе се обиде на домашниот пазар на капитал да позајми безмалку 100 милиони евра. Оваа сума е наведена во проспектите за издавање на државни хартии од вредност, кои ги објави Министерството за финансии. За најголемата сума од 65 милиони евра, министерството вчера ја објави аукцијата.

Доколку планираните аукции на државни хартии од вредност во вторник се одржат, според извори на „Утрински“, во нив тешко дека би вложувале поголемите банки во земјава што имаат странски сопственици. Ова е од причина што тие за оваа година веќе ги достигнале дозволените лимити што им ги одредуваат нивните мајки, за изложеност на соодветната банка кон државата. Затоа се смета дека во вторник во државните хартии од вредност ќе вложуваат пензиските фондови и осигурителните куќи.

Инаку, државата во вторник идната недела ќе се обиде на домашниот пазар на капитал да позајми безмалку 100 милиони евра. Оваа сума е наведена во проспектите за издавање на државни хартии од вредност, кои ги објави Министерството за финансии. За најголемата сума од 65 милиони евра, министерството вчера ја објави аукцијата. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, неодамна потенцира дека отсега при секое натамошно задолжување на државата на домашен терен, односно распишување на аукции, треба да се применува истата практика како и при издавањето на еврообврзницата, односно тоа да се направи само со согласност и потпис и на министерот за финансии, и на дополнителниот заменик- министер.

„Сега сме во фаза во која можеби ќе има вето“, ни изјави вчера кусо Наумов. Тоа би значело дека тој би можел да стави вето на намерите за задолжување на домашниот пазар, а потоа за ова прашање да треба да „пресече“ новиот состав на Државната изборна комисија.

Инаку, за во вторник први декември, ресорот за финансии најави неколку аукции на државни хартии од вредност, со различна рочност. Најмногу пари, 65 милиони евра, ќе се бараат преку 12 месечни државни записи без девизна клаузула, за кои каматната стапка е 2,5 отсто. Околу 15,5 милиони евра ќе се обезбедат преку шестмесечни државни записи без девизна клаузула, со камата од 2,1 отсто, а околу 12,2 милиони евра се планираат од тримесечни записи, со камати од 1,3 и 1,35 проценти. Покрај овие, ќе се издаваат и обврзници на подолги рокови, односно 10- годишни државни обврзници без девизна клаузула, преку кои треба да се инкасираат 2,4 милиони евра, со купонска каматна стапка од 3,8 отсто. И 4,1 милион евра треба да се обезбедат од 15-годишна обврзница, со купонска камата која е највисока и изнесува 4 отсто. Или, вкупно 99,2 милиони евра.

Инаку, дел од банкарите објаснуваат дека стандардна процедура за сите банкарски групации е банките-мајки во странство, за секоја година, да одредуваат лимити колку може нивната ќерка овде да биде изложена кон државата. Тој лимит е различен и зависи од повеќе фактори, а некогаш и од ризичноста на државата во одреден период. Истото тоа важи и за сите други земји каде што овие групации имаат свои филијали. „Поголемите банки за годинава, главно, веќе ги достигнаа тие лимити. Затоа е тешко да се очекува до крајот на годинава да вложуваат во државни хартии од вредност. Сега веројатно ќе купуваат пензиските фондови и осигурителните компании“, велат нашите извори.

Но, додаваат дека и самите банки во земјава, односно ќерките, имаат своја деловна политика и пред се', одговорност за средствата што им се доверени на чување, така што сметаат дека нема потреба од апели до нив или предупредувања за тоа каде ги вложуваат парите. „Ние работиме со туѓи пари и имаме одговорност. И да не се лимитите од мајката-банка, во самата домашна банка има професионалци што се одговорни и размислуваат за сигурноста на средствата“, објаснуваат некои соговорници. Инаку, во нашата регулатива нема одредба за тоа колку смеат банките да бидат кредитно изложени кон државата.

Заклучно со 31 октомври оваа година, банките во земјава вкупно имаат издадено државни хартии од вредност на сума од 543 милиони евра. Потоа, 415 милиони евра се чуваат во благајнички записи во Народна банка на Македонија и 105 милиони евра се седумдневни депозити, исто во НБМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik