Со средства од ЕБОР до повеќе работни места

Bez autora
Nov 29 2015

Со 20 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), 74 мали и средни претпријатија во Македонија ја подобрија својата конкурентност, ги зголемија приходите и бројот на работните места. Програмата која се спроведуваше во изминатите пет години денеска беше затворена, со доделување благодарници на учесниците, банките и малите и средните претпријатија. Македонија е една од најуспешните во спроведувањето на оваа програма. За пет години реализиравме 20 милиони евра заеми во 74 компании, каде што поддржавме 83 проекти, рече претставничката на ЕБОР за Македонија, Анка Јоана Јонеску. Таа изрази благодарност до ЕУ за дополнителната помош кон оваа програма и рече дека ваквиот начин на финансирање на малите и средните претпријатија е најефикасен.

Со 20 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), 74 мали и средни претпријатија во Македонија ја подобрија својата конкурентност, ги зголемија приходите и бројот на работните места. Програмата која се спроведуваше во изминатите пет години денеска беше затворена, со доделување благодарници на учесниците, банките и малите и средните претпријатија.

„Македонија е една од најуспешните во спроведувањето на оваа програма. За пет години реализиравме 20 милиони евра заеми во 74 компании, каде што поддржавме 83 проекти“, рече претставничката на ЕБОР за Македонија, Анка Јоана Јонеску.

Таа изрази благодарност до ЕУ за дополнителната помош кон оваа програма и рече дека ваквиот начин на финансирање на малите и средните претпријатија е најефикасен.

Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Скопје истакна дека локалните мали и средни претпријатија, иако земјата има солидно развиен и ликвиден банкарски систем, не се доволно услужени од локалните финансиски институции. ЕУ, додаде, креираше повеќе програми за олеснување на пристапот до финансирање, како одговор на пазарните прилики кои го ограничуваат растот на малите и средните претпријатија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik