Министерството за економија ги прогласи најдобрите пет бизнис-планови во рамки на проектот „Биди перспективен, започни свој бизнис“, кој има за цел поттикнување на претприемачкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување сопствен бизнис. Целта на проектот, што се спроведува трета година по ред, е на младите да им покаже што значи да се биде претприемач, како да се преточи сопствената бизнис-идеја во бизнис-план и како да се почне свој бизнис. Годинава на конкурсот имаше 21 апликација за бизнис-идеја од кои 10 се претворени во бизнис-планови што ги исполнуваат критериумите, а најдобрите пет од нив добија награди и ваучер за регистрација на фирма со кој се покриваат трошоците за регистрирање фирма во Централниот регистар.
Министерството за економија ги прогласи најдобрите пет бизнис-планови во рамки на проектот „Биди перспективен, започни свој бизнис“, кој има за цел поттикнување на претприемачкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување сопствен бизнис.
Целта на проектот, што се спроведува трета година по ред, е на младите да им покаже што значи да се биде претприемач, како да се преточи сопствената бизнис-идеја во бизнис-план и како да се почне свој бизнис.
Годинава на конкурсот имаше 21 апликација за бизнис-идеја од кои 10 се претворени во бизнис-планови што ги исполнуваат критериумите, а најдобрите пет од нив добија награди и ваучер за регистрација на фирма со кој се покриваат трошоците за регистрирање фирма во Централниот регистар.
Првата награда и ваучер од 330.000 денари доби Артан Џемаили за проектот „Ворк аброуд“, второнаграден со ваучер од 230.000 денари е Филип Лаоски за проектот „Изи гоу“ - Давање под наем на движен имот, изнајмување на електротротинети и скутери, третата награда и ваучер од 130.000 денари му е доделена на Мартин Димоски за проектот „Ју дизајн“, четврта награда и ваучер од 100.000 денари доби Петрит Рамадан за проектот Алтернативен маркетинг, а петтонаградена со ваучер од 60.000 денари е Назмие Мерко-Завзум за проектот „Банка за одржување на злато“ - Голд банк Македонија.