Странските инвестиции пониски за 39 милиони евра

Bez autora
Dec 01 2015

Странските инвестиции заклучно со септември годинава се намалиле за 39 милиони евра во споредба со истиот период од минатата година. Или, ако за девет месеци од минатата година во земјава дојдоа 154 милиони евра, во истиот период од оваа година странските директни инвестиции, СДИ, изнесуваат 116 милиони евра. Како што објави вчера Народна банка на Македонија, во септември оваа година е регистриран одлив на капитал од странските компании кои работат во земјава, што наместо со раст, резултираше со пад на инвестициите од 17,6 милиони евра. Најголем прилив на инвестиции во земјава имало во април годинава, 34,17 милиони евра, додека, освен во септември, минусно салдо, односно одлив на инвестициите НБРМ регистрираше и во мај, од минус 7,43 милиони евра. Минатата година, пак, најмногу странски директни инвестиции имало во март, 39,36 милиони евра, а единствено во јуни беше евидентиран одлив на капитал од 3,66 милиони евра.

Странските инвестиции пониски за 39 милиони евраСтранските инвестиции заклучно со септември годинава се намалиле за 39 милиони евра во споредба со истиот период од минатата година. Или, ако за девет месеци од минатата година во земјава дојдоа 154 милиони евра, во истиот период од оваа година странските директни инвестиции, СДИ, изнесуваат 116 милиони евра.

Како што објави вчера Народна банка на Македонија, во септември оваа година е регистриран одлив на капитал од странските компании кои работат во земјава, што наместо со раст, резултираше со пад на инвестициите од 17,6 милиони евра.

Најголем прилив на инвестиции во земјава имало во април годинава, 34,17 милиони евра, додека, освен во септември, минусно салдо, односно одлив на инвестициите НБРМ регистрираше и во мај, од минус 7,43 милиони евра. Минатата година, пак, најмногу странски директни инвестиции имало во март, 39,36 милиони евра, а единствено во јуни беше евидентиран одлив на капитал од 3,66 милиони евра.

Доколку работите продолжат да се одвиваат со ова темпо, Македонија најверојатно ќе ја заврши 2015 година со значително пониско ниво на инвестиции од владините најави за 330 милиони евра СДИ, коментираат економистите.

Инаку, Владата годинава промовираше влез на повеќе нови странски компании, а најави и дека до крајот на годината треба да дојдат уште неколку странски фирми, меѓу кои и две американски, реномирани компании од автомобилскиот сектор. Една од нив треба да биде лоцирана во зоната Скопје 1- Бунарџик и ќе вработува околу 500 луѓе. Втората компанија, како што посочија од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, ќе била во внатрешноста на Македонија, на нова локација, и ќе вработувала околу 1.500 луѓе. Останува уште еден месец до крајот на годинава кога ќе се види колкав ќе биде вкупниот број на компаниите од странство што ќе решат да инвестираат до крајот на годинава, и колку тие ќе ја подобрат инвестициската слика на земјава.

Инаку, извозот од технолошко-индустриските развојни зони во десетте месеци од годинава изнесува 1,2 милијарди евра, а според владини претпоставки, се очекува до крајот на годината извозот да достигне 1,4 милијарди евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik