оне.Вип со нова мрежа во кумановскиот регион

Bez autora
Feb 03 2016

Компанијата оне.Вип во средата објави дека успешно го имплементира првиот прокет за изградба на нова мрежа во регионот Куманово, Крива Паланка и Кратово, најавувајќи нова мрежа и во другите региони. Целта на новата мобилна мрежа е да обезбеди за сите корисници на оне.Вип, значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент, велат од компанијата.

оне.Вип со нова мрежа во кумановскиот регионКомпанијата оне.Вип во средата објави дека успешно го имплементира првиот прокет за изградба на нова мрежа во регионот Куманово, Крива Паланка и Кратово, најавувајќи нова мрежа и во другите региони.

Целта на новата мобилна мрежа е да обезбеди за сите корисници на оне.Вип, значително поголем капацитет за  користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент, велат од компанијата.

Со спојувањето во новиот ентитет, оне.Вип, создадовме компанија со поголем инвестициски капацитет и се обврзавме да ги воведеме најновите технологии во земјата, уште поквалитетни и нови иновативни услуги базирани на најмодерни мрежи и технологии. Денеска со гордост ги објавуваме првите резултати постигнати со инвестицијата што ја почнавме за изградба на нова мобилна мрежа, што е значајно подобрување во регионот на Куманово, Крива Паланка и Кратово, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.   

Ова е прв регион каде имплементацијата на новата мрежа е успешно спроведена. Во моментот тимовите работат на изградба на нова мрежа во Скопскиот регион и на крајот на годината ќе заврши во сите урбани делови во Македонија.

Корисниците ќе почувствуваат значително подобрување со покриеност на мрежата – 3G и 4G ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците, велат од компанијата.

Истовремено од компанијата најавуваат дека оне.Вип и Близу ќе бидат фокусирани на целосна модернизација и проширување на фиксната мрежна инфраструктура.

Новата кабловска HFC технологија на Вип/ Близу ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, односно до 300 Mbp/s и се очекува до крајот на годината да биде достапна за околу 85% од домовите каде Близу има покриеност во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik