Македонските компании вредат 1,64 милијарди евра

Bez autora
Feb 04 2016

Телекомуникацискиот бизнис, фармацијата и банкарството и натаму се најголемите „тешкаши“ во македонската економија. Таков заклучок може да се изведе доколку се погледне пазарната капитализација на компаниите во земјава, што котираат на Македонската берза за хартии од вредност. „Македонски телеком“, на пример, во моментов вреди 426 милиони евра, според неговата пазарна капитализација. Тоа, всушност, значи дека доколку се продаделе сите акции на оваа компанија во ист ден, односно во петокот минатата недела, за нив би се платила вкупно оваа сума. Или, „Македонски телеком“ има вкупно издадени 95.838.780 акции, а нивната последна просечна цена изнесувала 273,52 денари по акција, што доведува до износ од нешто повеќе од 26 милијарди денари, или прецизно 426,24 милиони евра.

Македонските компании вредат 1,64 милијарди евраТелекомуникацискиот бизнис, фармацијата и банкарството и натаму се најголемите „тешкаши“ во македонската економија. Таков заклучок може да се изведе доколку се погледне пазарната капитализација на компаниите во земјава, што котираат на Македонската берза за хартии од вредност.

„Македонски телеком“, на пример, во моментов вреди 426 милиони евра, според неговата пазарна капитализација. Тоа, всушност, значи дека доколку се продаделе сите акции на оваа компанија во ист ден, односно во петокот минатата недела, за нив би се платила вкупно оваа сума. Или, „Македонски телеком“ има вкупно издадени 95.838.780 акции, а нивната последна просечна цена изнесувала 273,52 денари по акција, што доведува до износ од нешто повеќе од 26 милијарди денари, или прецизно 426,24 милиони евра.

Овие суми се добиваат под претпоставка дека би се продале сите акции на компанијата одеднаш, по цената со која во конкретен ден се тргува на домашниот пазар на капитал. Пазарната капитализација се менува како што се менува цената на акциите на компанијата на секојдневните тргувања.

Следува фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, чија пазарна капитализација во петокот изнесувала близу 126 милиони евра. Или, според информациите од берзата, оваа компанија има вкупно издадени 1.431.353 хартии од вредност, чија просечна цена на последното тргување во петокот изнесувала 5.407 денари. Кога таа ќе се помножи со вкупно издадените акции, се добива сумата од 125,84 милиони евра пазарна капитализација. Акциите на „Алкалоид“ се меѓу најтргуваните на Македонската берза.

Следуваат „претставниците“ на големата банкарска четворка, чија пазарна капитализација е и повеќе од респектабилна во однос на многу други фирми и бизниси што котираат на берзата.

Инаку, македонските компании вкупно на крајот на ноември годинава тежеле 1,642 милијарди евра. Тоа е пораст во однос на претходниот месец за 2,6 отсто, говорат податоците од берзата.

Овде влегуваат и котираните компании, како и акционерските друштва кои имаат посебни обврски за известување. Котираните компании имале вкупна пазарна капитализација од 1,586 милијарди евра, додека, пак, останатите акционерски друштва, кои не котираат на берзата, но имаат обврски за известување на јавноста, на крајот на ноември имале вкупна пазарна капитализација од близу 57 милиони евра.

Стопанска банка Скопје има највисока пазарна капитализација од банкарскиот сектор. Односно, доколку во петокот минатата недела се продале сите акции од оваа банка, за нив би се добила сума од близу 114 милиони евра. Овој износ се добива доколку се помножат вкупно издадените 17.460.180 хартии од вредност од оваа банка, по просечната цена од 400 денари по акција што била постигната на последното тргување.

Следува НЛБ Тутунска банка, која според истата пресметка, односно пазарната капитализација, во петокот минатата недела вредела 100 милиони евра. Или, 854.360 издадени акции, помножени по 7.200 денари за акција, колку што на последното петочно тргување вределе нејзините хартии од вредност.

Комерцијална банка, пак, според моменталната петочна пазарна капитализација, тежи 83,4 милиони евра. Или, банката има вкупно издадени 2.279.067 акции, а нивната просечна цена на последното тргување изнесувала 2.251 денари по акција.

И, Охридска банка има пазарна капитализација од 17,3 милиони евра, покажува пресметката.

Нафтениот гигант „Макпетрол“, пак, според последните бројки, постигнал пазарна капитализација од 30,5 милиони евра. Додека, пак, за нејзината фирма-ќерка, „Оилко“, доколку сите нејзини акции се продале во ист ден, ќе била постигната пазарна капитализација од околу 25 милиони евра. Рафинеријата „Окта“, пак, тежи 10,3 милиони евра. „Македонија турист“ во петокот имала пазарна капитализација од 27,6 милиони евра, додека, пак, градежниот гигант „Гранит“ според цената на акциите на последното тргување, тежел 24,3 милиони евра.

Уште една фармацевтска компанија, „Реплек“, имала пазарна капитализација од 16,6 милиони евра, додека, пак, челичниот „Макстил“ вредел 13 милиони евра, покажуваат податоците од берзата.

„Фершпед“ во петокот имал пазарна капитализација од 11,5 милиони евра, а „Хотели Метропол“ од Охрид тежи 3 милиони евра.

„Витаминка“ од Прилеп имала пазарна капитализација од 10,6 милиони евра, а „Скопски пазар“ 9,2 милиони евра. За винарската визба „Тиквеш“, доколку на последното тргување се продале сите нејзини акции, ќе се добиела сума од 8,4 милиони евра. Градежната компанија, „Бетон“, пак, имала пазарна капитализација од 5 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik