Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја шири мрежата на соработници во Белгија

Bez autora
Feb 07 2016

Во наредните неколку дена Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел. Тур операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година. Од Томас Кук -Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот. Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како за туризмот, така и за целокупната економија. Ова е можност граѓаните на Белгија да се запознаат со туристичката понуда на Македонија која може да им понуди она што белгијците го немаат.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја шири мрежата на соработници во БелгијаВо наредните неколку дена Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел.

Тур операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година.

Од Томас Кук -Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот.

„Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како за туризмот, така и за целокупната економија. Ова е можност граѓаните на Белгија да се запознаат со туристичката понуда на Македонија која може да им понуди она што белгијците го немаат” – изјави амбасадорот на Република Македонија во Белгија, Лазар Еленовски.

На саемот за туризам во Белгија делегација на АППТ одржа состаноци и со најголемите Белгиски и Европски туристички организации и асоцијации – „Association of Belgian Tour Operators” (Асоцијација на белгиски туристички организации), „The European Travel Agents and Tour Operators Associations“ (Европска асоцијација на туристички агенции и тур оператори) и „BelgiumTourismOrganization” (Туристичка организација на Белгија), од кои произлегоа одлични можности за ширење на мрежата на соработници на Македонија во Белгија.

„Salon des Vacances” е најголем саем за туризам во Белгија кадешто својата понуда ја изложуваат околу 500 дестинации од светот, а ко-учесници на македонскиот штанд се и ТА Фибула и Бохемиа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik