Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членки

Bez autora
Feb 10 2016

Со две и пол деценискиот континуиран раст и развој на производството и извозот, „Конти Хидропласт“ од Гевгелија денес претставува значаен регионален производител на пластични црева и цевки. „Конти Хидропласт“ е лоцирана на југот на Македонија, во Општина Гевгелија, а нејзината главна дејност е производство на ПЕ и ПП системи за транспорт на вода, гас, канализација, нафтени деривати и др. „Конти Хидропласт“ е основана во 1990 година кога започнува со производство и првата екструзиона линија за ПЕ-цевки. По успешниот почеток, потпомогнати од искуството добиено со успешно реализираните проекти на територијата на Република Македонија, денес компанијата е извозно ориентирана и 90% од вкупното производство се пласира на меѓународните пазари.

Стопанската комора на Македонија ги промовира успешните компании - членкиСо две и пол деценискиот континуиран раст и развој на производството и извозот, „Конти Хидропласт“ од Гевгелија денес претставува значаен регионален производител на пластични црева и цевки.

„Конти Хидропласт“ е лоцирана на југот на Македонија, во Општина Гевгелија, а нејзината главна дејност е производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) системи за транспорт на вода, гас, канализација, нафтени деривати и др.

„Конти Хидропласт“ е основана во 1990 година кога започнува со производство и првата екструзиона линија за ПЕ-цевки. По успешниот почеток, потпомогнати од искуството добиено со успешно реализираните проекти на територијата на Република Македонија, денес компанијата е извозно ориентирана и 90% од вкупното производство се пласира на меѓународните пазари.

Најпрво, во 2001 година, започнува со извоз во соседните земји, а денес производите

на „Конти Хидропласт“ се извезуваат во: Италија, Австрија, Германија, Романија, Холандија, Грција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и др.

Покрај искуството, за освојување на меѓународните пазари најмногу придонесоа големиот број разновидни производи и капацитети со кои компанијата е подготвена да одговори во секое време.

Компанијата денес располага со 3 производствени погони во кои се сместени 13 производствени линии и 12 производствени одделенија. Вкупниот број на вработени е 143.

Производствената програма се состои од сите потребни елементи за проектирање на стандардни и специфични цевководни системи за транспорт на флуиди. Високиот квалитет на производите е предуслов за остварување успех и доверба кај клиентите. Компанијата традиционално инвестира 10% од годишната добивка во развој и проширување на производствените капацитети.

Во 1998 година компанијата за прв пат се стекнува со сертификатот за квалитет ИСО:9001, подоцна се стекнува со ИСО:14001 и ОХСАС:18001.

Компанијата и нејзините производи се сертифицирани по сите релевантни национални и интернационални стандарди за квалитет и одржлив развој.

Со претставништва во сите соседни земји и успешна завршница на сите предизвици што ги носи работата, „Конти Хидропласт“ има мисија да развива производи за инфраструктурни објекти, во рамките на еколошки безбеден систем со максимално исполнување на барањата на сите заинтересирани страни.

Целта на „Конти Хидропласт“ е да биде најголем и најквалитетен производител на системи за транспорт на флуиди во Македонија и пошироко, притоа преземајќи ги сите мерки за заштита на животната средина и постојана грижа за здравјето и безбедноста на вработените и околината.

„Конти Хидропласт“ од Гевгелија е активна членка во Здружението на хемиската индустрија, а нејзин претставник е вклучен во работата на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik