Македонските компании инвестираат во иновации

Bez autora
Feb 11 2016

Македонските компании сакаат да инвестираат во иновативни технологии и на тој начин да ги прошират своите бизниси. За финансирање на инивативните проекти можат да обезбедат средства преку Фондот за финансирање на иновативни бизниси формиран од Развојната фондација „Кримсон“ и Агенцијата на САД за меѓународен развој. Според генералниот директор на Развојната фондација „Кримсон“, Мајкл Голд, македонските бизнисмени имаат најголем интерес за иновации во прехранбената индустрија, градежниот, ИКТ и енергетскиот сектор. Фондот за финансирање на иновативните бизниси, како што посочи директорот на УСАИД, Џејмс Стајн, е целосно самоодржлив и може да се финансира од камати и надоместоци со што се обезбедува можност за постојан развој на малите и на средните претпријатија.

Македонските компании инвестираат во иновацииМакедонските компании сакаат да инвестираат во иновативни технологии и на тој начин да ги прошират своите бизниси.

За финансирање на инивативните проекти можат да обезбедат средства преку Фондот за финансирање на иновативни бизниси формиран од Развојната фондација „Кримсон“ и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Според генералниот директор на Развојната фондација „Кримсон“, Мајкл Голд, македонските бизнисмени имаат најголем интерес за иновации во прехранбената индустрија, градежниот, ИКТ и енергетскиот сектор.

Фондот за финансирање на иновативните бизниси, како што посочи директорот на УСАИД, Џејмс Стајн, е целосно самоодржлив и може да се финансира од камати и надоместоци со што се обезбедува можност за постојан развој на малите и на средните претпријатија.

Фондот за финансирање на иновативни бизниси е специјализиран револвинг-фонд во износ од 300.000 долари, наменети за поддршка на иновациите и претприемаштвото во Македонија.

Од 2012 година кога е формиран Фондот досега се поддржани 12 нови бизниси, а од 2003 година откога е присутна Развојната фондација „Кримсон“ во Македонија се поддржани 400 бизниси.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik