ВВ „Тиквеш“ годинава ќе инвестира 670 илјади евра во најсовремена опрема

Bez autora
Feb 11 2016

Винарската визба „Тиквеш“ во текот на ова година ќе вложи дополнителни 670 илјади евра во најсовремена опрема за преработка и одлежување на виното. Со тоа всушност продолжува интензивниот инвестициски циклус за модернизација и натамошно унапредување на производството на врвни вина во ВВ „Тиквеш“, кој во периодот од 2013-та до 2016-та година ќе достигне вредност од близу четири милиони евра. Со најновите вложувања, вкупните инвестиции на ВВ „Тиквеш“ во последната деценија, надминаа 30 милиони евра. Обемот, темпото и структурата на нашите вложувања во изминатите години му овозможија на „Тиквеш“ да го достигне и одржи посакуваното високо ниво на квалитет на вината од своето целокупно портфолио. Најновите инвестиции во најсовремена технологија и опрема за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, дополнително придонесуваат за натамошно зголемување на нашите капацитети за производство на вина со премиум квалитет.

ВВ „Тиквеш“ годинава ќе инвестира 670 илјади евра во најсовремена опремаВинарската визба „Тиквеш“ во текот на ова година ќе вложи дополнителни 670 илјади евра во најсовремена опрема за преработка и одлежување на виното.

Со тоа всушност продолжува интензивниот инвестициски циклус за модернизација и натамошно унапредување на производството на врвни вина во ВВ „Тиквеш“, кој во периодот од 2013-та до 2016-та година ќе достигне вредност од близу четири милиони евра.

Со најновите вложувања, вкупните инвестиции на ВВ „Тиквеш“ во последната деценија, надминаа 30 милиони евра.

„Обемот, темпото и структурата на нашите вложувања во изминатите години му овозможија на „Тиквеш“ да го достигне и одржи посакуваното високо ниво на квалитет на вината од своето целокупно портфолио. Најновите инвестиции во најсовремена технологија и опрема за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, дополнително придонесуваат за натамошно зголемување на нашите капацитети за производство на вина со премиум квалитет. Уверени сме дека на ваков начин се зголемува додадената вредност на нашите вина, со што се зајакнува нивната позиција“, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Тргнувајќи од своите стратешки развојни цели, ВВ „Тиквеш“, во последните три години, дополнително инвестираше и во подигнување нови насади со грозје, набавка на нови танкови, специјални бочви за одлежување на виното, осовременување на линијата за полнење и пакување на виното, но и во најнова лабораториска опрема за контрола на квалитетот.

Дополнително, во текот на оваа година ќе бидат вложени и значителни финансиски средства за натамошно унапредување на техничките услови, како и во технологии за искористување на отпадот што настанува при преработка на грозјето како суровина за производство на енергија, со што ВВ „Тиквеш“ ќе ја потврди својата определба за натамошно зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik