Пораст на индустриското за 8,9 отсто

Bez autora
Apr 28 2016

Трет месец по ред индустриското бележи пораст. Во јануари растот изнесуваше 8 отсто, во февруари 15,2, а во март годинава, индексот на индустриското производство, во однос на март 2015 година, изнесува 108,9 отсто. Односно тоа е поголемо за 8,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика. По сектори, во рударство и вадење камен производството во март годинава, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 7,5 отсто, во преработувачката индустрија е зголемено за 15,4 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација имало опаѓање од 14,2 проценти.

Пораст на индустриското за 8,9 отстоТрет месец по ред индустриското бележи пораст. Во јануари растот изнесуваше 8 отсто, во февруари 15,2, а во март годинава, индексот на индустриското производство, во однос на март 2015 година, изнесува 108,9 отсто.

Односно тоа е поголемо за 8,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави вчера Државниот завод за статистика.

По сектори, во рударство и вадење камен производството во март годинава, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 7,5 отсто, во преработувачката индустрија е зголемено за 15,4 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација имало опаѓање од 14,2 проценти.

Порастот во преработувачката индустрија е резултат, пред се', на зголеменото производство во: прехранбената индустрија и во производство на пијалаци, во производството на облека, на други неметални минерални производи, на машини и уреди, на електрична опрема и моторни возила, приколки и полуприколки.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2016 година, во однос на периодот јануари – март 2015 година, изнесува 110,7. Односно, во првите три месеци од оваа година индустриското е поголемо за 10,7 отсто во споредба со производството во јануари, февруари и март минатата година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik