Државниот долг намален, Македонија петта најмалку задолжена земја во Европа

Bez autora
May 03 2016

Со државен долг од 36,8 отсто Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа. Во првиот квартал од 2016 година државниот долг на Македонија бележи намалување од 38 отсто на 36,8 отсто, додека јавниот долг од 46,5 на 45 отсто, соопшти во четвртокот министерството за финасии. Повеќе задолжени од Македонија се Данска, Шведска, Финска, Холандија, Германија, Австрија, Велика Британија, Франција и други развиени европски економии. Што се однесува до земјите од регионот тие имаат двојно и повеќе од двојно поголем долг во однос на Македонија.

Државниот долг намален, Македонија петта најмалку задолжена земја во ЕвропаСо државен долг од 36,8 отсто Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа. Во првиот квартал од 2016 година државниот долг на Македонија бележи намалување од 38 отсто на 36,8 отсто, додека јавниот долг од 46,5 на 45 отсто, соопшти во четвртокот министерството за финасии.

Повеќе задолжени од Македонија се Данска, Шведска, Финска, Холандија, Германија, Австрија, Велика Британија, Франција и други развиени европски економии. Што се однесува до земјите од регионот тие имаат двојно и повеќе од двојно поголем долг во однос на Македонија.

Во однос на тврдењата на дополнителниот заменик министер за финансии Наумов дека се направени манипулации во пресметката на долгот, од министерствот за финасии потсетуваат дека оваа методологија на пресметка врз база на проектиран БДП се користи од 2002 година, односно кога министер за финансии бил од опозицискиот СДСМ.

„Не е точно дека никаде не се користи таа методологија, туку е различно од земја до земја“, децидни се од министерството.

На крајот од секоја година се врши усогласување на јавниот долг со остварената стапка на раст на бруто домашниот производ (БДП). Така, се вели во писмента изјава, било и миантата 2015 година, кога стапката на долгот беше намалена, бидејќи растот на БДП ги надмина очекувањата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik