„Џонсон Контролс“ гради фабрика во Струмица за нови 1.500 вработувања

Bez autora
May 22 2016

Нови 1.500 работни места ќе донесе инвестицијата од 20 милиони долари на американската компанија „Џонсон Контролс“ во новата фабрика што почна да ја гради денеска во индустриската зона во Струмица. Во новиот производен капацитет, на површина од 13.000 метри квадратни, ќе се произведуваат делови за прекривки за седишта за автомобилската индустрија, кои ќе се извезуваат на европскиот пазар каде вакви производи „Џонсон Контролс“ пласира и од својата фабрика во Штип. Вкупниот број на вработени на оваа американска компанија во Македонија, со новиот капацитет во Струмица, ќе изнесува околу 3.000.

„Џонсон Контролс“ гради фабрика во Струмица за нови 1.500 вработувањаНови 1.500 работни места ќе донесе инвестицијата од 20 милиони долари на американската компанија „Џонсон Контролс“ во новата фабрика што почна да ја гради денеска во индустриската зона во Струмица.

Во новиот производен капацитет, на површина од 13.000 метри квадратни, ќе се произведуваат делови за прекривки за седишта за автомобилската индустрија, кои ќе се извезуваат на европскиот пазар каде вакви производи „Џонсон Контролс“ пласира и од својата фабрика во Штип.

Вкупниот број на вработени на оваа американска компанија во Македонија, со новиот капацитет во Струмица, ќе изнесува околу 3.000.

„Успешниот развој на нашата фабрика во Штип и успешната соработка со македонската Влада неколку години наназад го подготвуваше нашиот пат за следниот чекор за новата фабрика во Струмица“, рече Владимир Теплик, потпретседател за операции во „Џонсон Контролс“.

„Почетокот на изградбата на втората фабрика на „Џонсон Контролс“ и вчерашниот старт на градежните работи за втор капацитет на „Ван Хол“ покажува дека инвестициите во Македонија продолжуваат и оти државата продолжува да чекори напред“, оцени  премиерот Емил Димитриев.

Според вицепремиерот Пешевски, фактот дека „Џонсон Контролс“, компанија застапена во над 150 држави и со околу 160.000 работници, инвестира повеќе пати во свои капацитети во Македонија, е магнет и за други компании да дојдат тука да видат какви се условите за инвестирање и да почнат свои инвестиции.

Новиот производствен капацитет на „Џонсон Контролс“ во Струмица, според директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, се очекува да биде готов до април следната година.

Основа за тоа е веќе почнатото пробно производство на американската компанија во браунфилд инвестиција во овој град за што веќе има ангажирано 400 работници. До крајот на годината се планира тој број да се зголеми на 500.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Виктор Мизо, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и пратеници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik