Пробиени вкупно 95 отсто од автопатот Миладиновци – Штип

Bez autora
May 25 2016

Вкупно 95 отсто од автопатот Миладиновци – Штип се пробиени, 9,5 километри се веќе асфалтирани, а се работи и на изградба на мостовите, потпатниците, натпатниците, вијадуктитe, изјави премиерот, кој во среда изврши увид во градежните работи на терен. Тој појасни дека автопатот вреден 206 милиони евра, е во должина од 47 километри, а неговата целосна реализација се очекува да заврши за најдоцна една година. Од она што можев да го видам на лице место и да го слушнам од одговорните, темпото на реализација се одвива согласно планираната динамика. Вкупниот прогрес на градба е околу 39 проценти.

Пробиени вкупно 95 отсто од автопатот Миладиновци – ШтипВкупно 95 отсто од автопатот Миладиновци – Штип се пробиени, 9,5 километри се веќе асфалтирани, а се работи и на изградба на мостовите, потпатниците, натпатниците, вијадуктите, изјави премиерот Емил Димитриев, кој во среда изврши увид во градежните работи на терен.

Тој појасни дека автопатот вреден 206 милиони евра, е во должина од 47 километри, а неговата целосна реализација се очекува да заврши за најдоцна една година.

„Од она што можев да го видам на лице место и да го слушнам од одговорните, темпото на реализација се одвива согласно планираната динамика. Вкупниот прогрес на градба е околу 39 проценти. Со задржување на ова темпо, ќе го постигнеме планираниот рок – за една година да имаме комплетно завршен пат“, рече Димитриев.

Според него, во Македонија се случува историски важен момент, бидејќи истовремено се градат три автопата.

„Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, дел се во градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција вредна 800 милиони евра. Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки“, подвлече Димитриев.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека во втората половина од годинава ќе почне и изградбата на експресните патишта Штип – Кочани, Кочани – Делчево, Штип – Радовиш и Крива Паланка – Ранковце, инвестиција вредна 300 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik