Од први јули нови 150 мали потрошувачи на слободниот пазар на струја

Bez autora
May 25 2016

Над 150 мали потрошувачи од крајот на идниот месец ќе добијат можност да бидат снабдувани со електрична енергија по пазарна цена, од снабдувачи на електрична енергија, информира МЕПСО. Според податоците за потрошувачката, што МЕПСО ги доби од двата оператора на дистрибутивните системи, над 150 мали потрошувачи кои во 2015 имале потрошувачка на електрична енергија поголема од 1 гигават час, на 30 јуни стекнуваат статус на квалификувани потрошувачи и ќе имаат можност да одберат помеѓу снабдување со струја по пазарна цена од страна на снабдувачите, или снабдување по регулирана цена од страна на снабдувач во краен случај.

Од први јули нови 150 мали потрошувачи на слободниот пазар на струјаНад 150 мали потрошувачи од крајот на идниот месец ќе добијат можност да бидат снабдувани со електрична енергија по пазарна цена, од снабдувачи на електрична енергија, информира МЕПСО.

„Според податоците за потрошувачката, што МЕПСО ги доби од двата оператора на дистрибутивните системи, над 150 мали потрошувачи кои во 2015 имале потрошувачка на електрична енергија поголема од 1 гигават час, на 30 јуни стекнуваат статус на квалификувани потрошувачи и ќе имаат можност да одберат помеѓу снабдување со струја по пазарна цена од страна на снабдувачите, или снабдување по регулирана цена од страна на снабдувач во краен случај“, соопшти македонскиот електропреносен систем-оператор.

Оттаму посочуваат дека Операторот на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ), подружница во МЕПСО, веќе ги објави двете листи со кои се овозможува самостојно учество на пазарот и снабдување по пазарни услови, преку избран снабдувач со првата листа, односно снабдување по пазарни услови само преку избран снабдувач.

„Првата листа ја сочинуваат 271 правно лице. Тие, според податоците од Централен регистар, ги исполнуваат условите - најмалку 50 вработени и вкупен годишен приход или актива од најмалку 10 милиони евра“, велат од компанијата.

Оваа листа ОПЕЕ ја ажурира секоја година, најдоцна до 30 април, во согласност со податоците за изминатата година, а потрошувачите од неа имаат право за самостоен настап на пазарот веќе од наредниот ден.

„Сите потрошувачи кои за првпат се наоѓаат на оваа листа и со тоа се стекнуваат со право за самостоен настап на пазарот или избор за снабдување преку снабдувач по пазарна цена, задолжително мора да склучат договор со трговец или снабдувач најдоцна 60 дена по денот на стекнување на правото за самостојно учество на пазарот“, прецизираат од МЕПСО.

Втората листа содржи над 150 потрошувачи, кои влегуваат во групата мали потрошувачи, кои во изминатата 2015 потрошиле над еден гигават час струја и со тоа го исполниле условот да имаат можност да изберат дали натаму ќе се снабдуваат по пазарна цена со избор на снабдувач, или ќе продолжат да се снабдуваат по регулирана цена од т.н. снабдувач во краен случај.

„Податоците за потрошувачите кои го исполнуваат условот да излезат на отворен пазар до ОПЕЕ ги доставија двата оператора - ЕВН Македонија и ЕЛЕМ Енергетика. Потрошувачите кои ќе изберат по први јули 2016 да бидат снабдувани од снабдувач по нерегулирана цена, треба да склучат договор за снабдување со регистриран снабдувач, а процесот за промена на снабдувач е најмалку 23 дена. Ако потрошувачот не одбере да биде снабдуван од снабдувач, неговото снабдување ќе продолжи да биде по регулирана цена од снабдувач во краен случај“, велат од МЕПСО.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik