Прифатен планот за реорганизација на „8 Ноември“ од Неготино

Bez autora
May 26 2016

Собранието на доверители на седница одржана во Основен суд Велес го прифати Планот за реорганизација на фабриката „8 Ноември“ од Неготино. Оваа фабрика за градежни материјали беше во активен стечај една година. Осум доверители нивните побарувања ги трансформираа во траен влог, во ново друштво кое набргу ќе се формира. Тоа ќе го носи името „8 Ноември“ ДОО Неготино. Со планот е прифатено во фабриката која произведува тули и блокови да се вработат 110 лица, а досега работно беа ангажирани 97.

Прифатен планот за реорганизација на „8 Ноември“ од НеготиноСобранието на доверители на седница одржана во Основен суд Велес го прифати Планот за реорганизација на фабриката „8 Ноември“ од Неготино. Оваа фабрика за градежни материјали беше во активен стечај една година.

Осум доверители нивните побарувања ги трансформираа во траен влог, во ново друштво кое набргу ќе се формира. Тоа ќе го носи името „8 Ноември“ ДОО Неготино.

Со планот е прифатено во фабриката која произведува тули и блокови да се вработат 110 лица, а досега работно беа ангажирани 97. Најавено е да се инсталира нова опрема за изработка на градежни материјали.

Собранието за одговорно лице за реализација на планот го назначи Димитар Аџиев од Штип, кој досега ја вршеше функцијата стечаен управник.

Планот беше прифатен од страна на 96 отсто од присутните доверители, вклучувајќи ги Стопанска банка Скопје која има под хипотека дел од имотот, „Инвест дом“ од Гостивар, најголемиот доверител, потоа Министерството за финансии - УЈП.

Против планот за реорганизација беа „Макпетрол“ и „ЕВН Македонија“ со 1,9, односно 2 отсто побарувања од вкупниот долг. Оваа можност со Планот за реорганизација и активен стечај е овозможена со новиот Закон за стечај, со кој стечајната фирма беше активна, произведуваше, работеше, а вработените земаа плата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik