Обука за 225 невработени лица

Bez autora
May 29 2016

Двесте дваесет и пет невработени лица посетуваат 20 различни обуки за побарувани занимања кај 15 сертифицирани приватни обучувачи во првата фаза на реализација на обуката за дефицитарни занимања барани на пазарот на труд кои ќе им овозможат полесно да најдат работа. Почнува првиот циклус од обуката за дефицитарни занимања преку која се градат вештините и знаењата кај невработените лица кои им се потребни на работодавците. На тој начин се врши полесно поврзување на понудата со побарувачката на пазарот на труд, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Обука за 225 невработени лицаДвесте дваесет и пет невработени лица посетуваат 20 различни обуки за побарувани занимања кај 15 сертифицирани приватни обучувачи во првата фаза на реализација на обуката за дефицитарни занимања барани на пазарот на труд кои ќе им овозможат полесно да најдат работа.

„Почнува првиот циклус од обуката за дефицитарни занимања преку која се градат вештините и знаењата кај невработените лица кои им се потребни на работодавците. На тој начин се врши полесно поврзување на понудата со побарувачката на пазарот на труд“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој информира дека до крајот на годината се очекува обуката да ја посетат 640 невработени лица.

За целосна реализација на обуката за дефицитарни занимања се обезбедени средства од 35 милиони денари.

„Обучувачите добиваат 30 илјади денари за да ја реализираат целосно обуката во која влегува и пракса 1 до 2 месеци во реални работни услови. Невработените кои учествуваат во обуката добиваат 6.200 денари надомест за покривање на трошоците за храна, превоз и осигурување“, истакна Спасов.

Митко Алексов, од Сојузот на стопански комори, истакна дека со обуката за рецепционер се продуцира кадар во областа на туризмот, што е на барање на членките од туристичкиот и угостителскиот сектор во кој евидентно постои дефицит токму од ваков кадар.

„Туризмот е пропулзивна гранка која од година во година е во пораст. Минатата година имаше 14.000 странски туристи повеќе од 2014, а очекуваме таа бројка да биде надмината годинава, исто како и бројката на домашни туристи“, истакна Алексов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik