Македонски и бугарски компании преку заеднички производи на трети пазари

Bez autora
May 29 2016

Токму излегувањето на трети пазари, преку креирање заеднички производ и здружување на капиталот, останува еден од клучните приоритети на Комората, рече во четвртокот на четврто годишно собрание на Македонско­бугарската стопанска комора, нејзиниот претседател Зоре Темелковски. Вкупно 38 бугарски компании се заинтересирани за сериозни инвестирања во Македонија, а не е ниту мала бројката на македонските кои се веќе етаблирани во Бугарија и кои оттаму успешно настапуваат и освојуваат трети пазари, истакна Темелковски.

Македонски и бугарски компании преку заеднички производи на трети пазариТокму излегувањето на трети пазари, преку креирање заеднички производ и здружување на капиталот, останува еден од клучните приоритети на Комората, рече во четвртокот на четврто годишно собрание на Македонско­бугарската стопанска комора, нејзиниот претседател Зоре Темелковски.

Вкупно 38 бугарски компании се заинтересирани за сериозни инвестирања во Македонија, а не е ниту мала бројката на македонските кои се веќе етаблирани во Бугарија и кои оттаму успешно настапуваат и освојуваат трети пазари, истакна Темелковски.

„Комората ќе продолжи и со интензивните разговори со политичките субјекти во насока на креирање уште подобри решенија, зашто бизнисот никогаш не треба да биде задоволен од ситуацијата и секогаш треба да нуди прогресивни идеи. Ќе продолжиме со поконкретни средби со политичките авторитети за да ги минимизираме бариерите. Ќе бидеме уште покритички настроени зашто сметаме дека стопанствениците не можат никогаш да бидат задоволни од одлуките на владите и секогаш треба да имаат поголема цел од онаа на обичниот граѓанин. Сакаме да покажеме дека кога се има знаење и желба нешто да се постигне, тоа не е неостварливо“ рече челникот на Македонско­бугарската стопанска комора,

Темелковски посочи дека и во следниот период главна определба на Комората ќе биде да ги обединува пазарите во Македонија и во Бугарија, а капиталот да го имплементира во ноу­хау.

Комората се движи на патот на претприемништвото. Никако не го менува курсот, да оди кон менаџерството, иако има големи компании членки“, додаде Темелковски.

Македонско­бугарската стопанска комора е формирана во 2011 година со доминантен приватен капитал, на иницијатива на бизнис заедниците од двете земји. Идејата е да ги подобрува и стимулира заемните економски, културни и општествени иницијативи и промени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik