Туркиш ерлајнс отвори нова канцеларија во Скопје

Bez autora
May 30 2016

Туркиш ерлајнс ја зајакнува соработката со Македонија, а за таа цел, во понеделник беше отворена нова канцеларија за своите услуги во Скопје. Турската авионска компанија, во Македонија е присутна 18 години. Почнавме во 1998 година со два лета неделно, а денес благодарение на добрата соработка, имавме интензивен раст на бројот на патници и достигнавме два лета дневно, рече на отворањето на канцеларијата Илкер Бајдар, директор на Туркиш ерлајнс во Скопје.

Туркиш ерлајнс отвори нова канцеларија во СкопјеТуркиш ерлајнс ја зајакнува соработката со Македонија, а за таа цел, во понеделник беше отворена нова канцеларија за своите услуги во Скопје.

Турската авионска компанија, во Македонија е присутна 18 години.

„Почнавме во 1998 година со два лета неделно, а денес благодарение на добрата соработка, имавме интензивен раст на бројот на патници и достигнавме два лета дневно“, рече на отворањето на канцеларијата Илкер Бајдар, директор на Туркиш ерлајнс во Скопје.

На отворањето на новата канцеларија присуствуваше турскиот амбасадор во Македонија Омур Солендил истакна дека отворањето на претставништвото е особено значаен чекор за натамошен успех на Туркиш ерлајнс.

Како што потенцира Мерт Дорман, заменик­претседател на Туркиш ерлајнс за Источна Европа и Балкан, почна со работа во 1933 година со пет авиони, а од 2003 година доживеа интензивен раст и меѓу најдобрите компании во светото. Целта, додаде тој, е да достигнат флота од 500 авиони и 120 милиони клиенти во светот.

„Поставените цели се постигнуваат со отворање нови директни линии, зголемување на фреквенцијата кон постојните дестинации и развивање на своите услуги во што се вклучува и отворањето на оваа канцеларија“, рече Дорман.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik